Пазар на труд: Најголем број слободни работни места за научници и експерти
Пазар на труд: Најголем број слободни работни места за научници и експертиБројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9.562, а најголем број, 2.149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници, објави македонскиот Државен завод за статистика.
Пазар на труд: Најголем број слободни работни места за научници и експерти / AA

Бројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9.562, а најголем број, 2.149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници, објави македонскиот Државен завод за статистика.

Следуваат групите Работници во услужни дејности и продажба со 2.074 слободни работни места, Елементарни занимања, 1.638, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1028,  Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 851, Техничари и сродни занимања, 1.016, Службеници, 744.

Евидентирани се и 44 слободни работни места во групата Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори, како и 19 во групата Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот. 

Како што објави ДЗС, во четвртиот квартал лани стапката на слободни работни места изнесува 1,93 проценти. 

Највисока стапка на слободни работни места од 3,47 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,13  проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,69 проценти.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, 2,72 проценти

ИЗВОР:TRT Balkan MK
Повеќе
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел