| Macedonian
Оригинален стрип за Супермен од 1939 година продаден за рекордни 9 милиони долари на аукција во САД
Историскиот примерок беше пронајден во кутија на таван од куќа во северна Калифорнија од тројца браќа. кои ја расчистувале куќата на нивната почината мајка, чии тврдења дека поседува оригинални стрипови од 1930. ги сметале за семејна легенда
Оригинален стрип за Супермен од 1939 година продаден за рекордни 9 милиони долари на аукција во САД
Од аукциската куќа истакнаа дека станува збор за едно од најретките и најбараните рани изданија (Фото: Heritage Auctions X) / Others
22 ноември 2025

Оригинален примерок од првото издание на стрипот „Супермен“ од 1939 година, откриен по децении на таван во Калифорнија, беше продаден на аукција во четвртокот за повеќе од 9 милиони долари, поставувајќи нов светски рекорд за најскапо продаден стрип.

Според организаторот на аукцијата, Херитиџ оукшнс, ретко сочуваниот примерок од „Супермен број 1“ претставува врв на колекционерството на стрипови.

Претходно, копија од „Супермен бр. 1“ го држеше рекордот со продажба од 5,3 милиони долари во 2022 година, додека копија од „Неверојатна фантасзаија бр. 15“ од 1962 година, првото појавување на Спајдермен, беше продадена за 3,6 милиони долари во 2021 година.

Стрипот се продаде за 9,12 милиони долари благодарение на неговата речиси совршена состојба, добивајќи од ЦГЦ- Сертифицирана гарантна компанија, водечката услуга за оценување на стрипови од трети страни, оценка 9 од можни 10, односно највисока досега доделена за ова издание.

Историскиот примерок беше пронајден во кутија на таван од куќа во северна Калифорнија од тројца браќа кои ја расчистувале куќата на нивната почината мајка. Со години тие ги сметале нејзините тврдења дека поседува оригинални стрипови од 1930-те за семејна легенда.

„Супермен број 1 е пресвртница во историјата на поп-културата, а оваа копија не само што е во невидена состојба, туку зад себе има приказна достојна за филм. Бев среќен што цената го одразува тоа и сум почестен што на Херитиџ му беше доверена оваа иконска книга“, изјави потпретседателот на Херитиџ, Лон Ален.

Од аукциската куќа истакнаа дека станува збор за едно од најретките и најбараните рани изданија, особено тешко да се најде во добро сочувана состојба.

Супермен е создаден во 1933 година од тинејџерите Џери Сигел и Џо Шастер, кои подоцна ги продале правата за ликот на „Ди-си комикс“ за 130 долари, заработувајќи по 10 долари по страница за нивните илустрации.

Повеќе
Иран го затвори Ормускиот теснец и се закани со напади врз бродовите
Вашингтон ги повика Американците веднаш да го напуштат Блискиот Исток
Ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад
Холандската партија Денк го обновува законот против дискриминација при вработување
Израел започна со големи воздушни напади врз Техеран и Бејрут
Двајца припадници на Департманот за војна на САД повредени во Бахреин
Челик: Нападот врз Иран е неправеден и спротивен на меѓународното право
Цените на гасот во Европа скокнаа за 48% поради нападите на Блискиот Исток
Експлозија во близина на нуклеарниот погон Исфахан во Иран
Путин разговараше со арапските лидери за нападите врз Иран - Дијалог и смирување на тензиите
Ердоган и Мерц разговараа за американско-израелските напади врз Иран
Кина ги обвини САД за ескалација на сајбер тензиите
Возачите на камиони од Босна и Херцеговина најавуваат блокади на граничните премини од 12 март
Затворена најголемата рафинерија во Саудиска Арабија по напад на ирански дронови
Зеленски: Украина е подготвена да ги отвори сите преговарачки кластери со ЕУ за неколку дена