| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Македонските фудбалери ќе играат во групата со домаќинот Мексико ако се пласираат на Мундијалот
Во центарот Кенеди во Вашингтон се одржа жрепката за групите на Светското првенство во фудбал, кое следната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико со рекордни 48 репрезентации
Македонските фудбалери ќе играат во групата со домаќинот Мексико ако се пласираат на Мундијалот
Мундијалот ќе стартува на 11 јуни со натпреварот Мексико-Јужноафриканска Република / Reuters
5 декември 2025

Најдобрите фудбалски репрезентации во светот на денешната ждрепка што се одржа во центарот „Кенеди“ во Вашингтон ги дознаа своите противници на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра со Мексико, Јужноафриканската Република и Јужна Кореја ако се пласира на Mундијалот. За да стигне таму Македонија мора прво да ја победи Данска на гостински терен во полуфиналето на плеј-офот, а ако ја елиминира, во финалето ќе се сретне со победникот на дуелот Чешка-Република Ирска. Полуфиналните мечеви се на 26 март, а финалните пет дена подоцна.

Најголемата глобална фудбалска смотра е закажана од 11 јуни до 19 јули 2026 година, на стадионите во 16 градови од Канада, Мексико и САД.

Отворањето на Мундијалот е со мечот Мексико- Јужнoафриканска Република.

Ова ќе биде прво издание во проширен формат во кое ќе учествуваат 48 репрезентации, наместо 32 учесници што беа присутни на претходните првенства.

Распоредот на натпреварите со точните локации и времиња ќе бидат објавени во сабота во 18 часот.

Двата најдобри тима од секоја група и осумте најдобри третопласирани тимови ќе продолжат во нокаут фазата од натпреварувањето. Во случај на еднакви бодови меѓу тимовите во групата, критериумите за пласман се: гол-разлика, број на постигнати голови, резултат меѓусебни натпревари, фер-плеј и конечно нерешен резултат.

Аргентина го брани трофејот, откако ја победи Франција со 4:3 по продолженија во финалето на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Извлекувањето го предводеа поранешниот британски фудбалер Рио Фердинанд и американската новинарката Саманта Џонсон, додека поранешниот играч на НФЛ Том Брејди, поранешниот хокеар Вејн Грецки, поранешниот кошаркар Шакил О'Нил и бејзбол играчот Арон Џаџ ги извелуваа паровите.

Програмата ја водеа моделот Хејди Клум и актерите Кевин Харт и Дани Рамирез. Италијанскиот тенор Андреа Бочели, британскиот пејач Роби Вилијамс, американската пејачка Никол Шерцингер и американската раперка Лорин Хил настапија за време на церемонијата.

На извлекувањето присуствуваа американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, канадскиот премиер Марк Карни и мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.

Составот на групите на СП:

А: Мексико, Јужна Кореја, Јужнoафриканска Република, Северна Македонија/Данска/Ирска/Чешка

Б: Канада, Швајцарија, Катар, Италија/Велс/БиХ/Северна Ирска

Ц: Бразил, Мароко, Шкотска, Хаити

Д: САД, Австралија, Парагвај, Туркије/Романија/Словачка/Косово

Е: Германија, Еквадор, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор

Ф: Холандија, Јапонија, Тунис, Украина/Шведска/Полска/Албанија

Г: Белгија, Иран, Египет, Нов Зеланд

Х: Шпанија, Уругвај, Саудиска Арабија, Зеленортски Острови

И: Франција, Сенегал, Норвешка, Ирак/Боливија/Суринам

Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан

К: Португалија, Колумбија, Узбекистан, ДР Конго/Јамајка/Нова Каледонија

Л: Англија, Хрватска, Панама, Гана

Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град