| Macedonian
КУЛТУРА
1 мин читање
Почина гитаристот на „Дуран Дуран“, Енди Тејлор, на 65 години
Британскиот музичар почина по долгогодишна борба со рак на простатата
Почина гитаристот на „Дуран Дуран“, Енди Тејлор, на 65 години
Почина гитаристот на „Дуран Дуран“, Енди Тејлор, на 65 години / AP (Wire)
 

Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британската поп-група „Дуран Дуран“, кој придонесе за обликувањето на нејзиниот звук во периодот на стекнување меѓународна слава во 80-тите години, почина на 65 години.

Тејлор починал во понеделникот во својот дом, опкружен со семејството, по долгогодишна борба со рак на простатата, се наведува во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на групата.

Тејлор, роден во Североисточна Англија во 1961 година, ѝ се придружил на „Дуран Дуран“ во 1980 година, придонесувајќи за некои од најголемите хитови на групата, меѓу кои „Рио“, „Хангри лајк д Волф“ и „Грлс он филм“.

Тој ја напуштил групата во 1986 година за да започне соло кариера, повторно се споил со поранешните колеги во 2001 година, па заминал во 2006 година.

Тој јавно ја откри својата дијагноза на рак во 2022 година, кога не можеше да присуствува на церемонијата на приемот на „Дуран Дуран“ во Рокенрол куќата на славните.

„Дуран Дуран“, основана во Бирмингем во 1978 година, стана една од комерцијално најуспешните британски групи во 1980-тите години, стекнувајќи светско признание со комбинацијата на поп, рок и електронска музика.

Повеќе
Белгиските издавачи бараат ознака „без ВИ“ за сертифицирање на книги создадени од човек
Широка-Пула: Европската интеграција не може да биде селективна
Академикот Радомир Саичиќ е кандидат на Студентската листа за претседател на Србија
Вработените во „Амазон“ штрајкуваат и протестираат во над 20 земји на „Црн петок“
Прва меѓународна посета на Александар Чупиќ по изборот за спикер на српското Собрание
Во Охрид фокусот на регионалната дипломатија -  Започна средбата на Процесот Брдо-Бриони
Туркије и Русија ја потврдија целта за билатерална трговија од 100 милијарди долари
Мелони нема да го потпише буџетот на ЕУ под сегашните услови
Зеленски: Нападите врз руски бродови ги координираме со земјите партнери
Трамп рече дека „победата е на дофат“ во Иран, го повика Техеран да постигне договор
Новинската агенција „Франс прес“ погодена од сајбер напад
Туркије го суспендира ослободувањето од визи за црногорските државјани со обични пасоши
Русија ја продолжи забраната за извоз на авионско гориво до март 2027 година
Известувачката на ОН, Албанезе, ја осуди одлуката на Костарика да не ѝ дозволи влез во земјата
Мерц најави предвремен крај на самитот на ЕУ за буџетот поради длабоки поделби