| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Хаг: Обвинителството бара по 45 години затвор за Хашим Тачи и другите поранешни лидери на ОВК
Главната обвинителка на Канцеларијата на специјалниот обвинител (КСО) при Специјалниот суд во Хаг, Кимберли Вест, исто така побара од Судот да ја земе предвид тежината на делата на секој обвинет
Хаг: Обвинителството бара по 45 години затвор за Хашим Тачи и другите поранешни лидери на ОВК
Освен Тачи, за воени злосторства обвинети се и Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи / AP
пред 14 часа

Главната обвинителка на Канцеларијата на специјалниот обвинител (КСО) при Специјалниот суд во Хаг, Кимберли Вест, побара по 45 години затвор за секој од обвинетите, односно вкупно 180 години за четирите лица обвинети во случајот „Тачи и другите“, кој е главниот случај на овој суд.

Обвинителката Вест изјави дека не се бара казна за Генералштабот на Ослободителната војска на Косово (ОАK), туку за самите обвинети лица.

Вест исто така побара од Судот да ја земе предвид тежината на делата на секој обвинет.

„КСО бара осудителна пресуда за сите точки од обвинението со единечна казна од 45 години (за секој), заснована на индивидуалниот придонес во извршените или сторените злосторства од секое од лицата: Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Овие злосторства се воени злосторства и злосторства против човештвото и се сериозни злосторства, а овие обвиненија не ја изгубија својата вредност со текот на времето, продолжуваат да бидат многу сериозни“, рече Вест.

Додека судењето за Тачи, Весели, Селими и Красниќи е влезено во финалната фаза, Обвинителството, кое побара осум часа за завршни зборови, продолжува да ги презентира своите изјави преку објави од Генералштабот на ОВК.

Според обвинението против Тачи, Весели, Селими и Красниќи, тие се товарат за индивидуална кривична одговорност за злосторства извршени во контекст на меѓународен вооружен конфликт во Косово и биле дел од широко распространет и систематски напад врз лица кои се сомневале дека се против ОВK.

Тачи, Весели, Красниќи и Селими се обвинети за „заедничко криминално здружување“ поврзано со околу 100 убиства, како и за „мачeње и сурово постапување“ во околу 40 притворски центри во периодот 1998-1999 година.

Специјалниот суд со седиште во Хаг е основан во 2015 година од Собранието на Косово и е дел од судскиот систем на Косово, но работи со меѓународен персонал. Специјализираните оддели и Канцеларијата на специјалниот обвинител истражуваат наводни злосторства на припадници на ОВК, извршени против етнички малцинства и политички ривали од јануари 1998 до декември 2000 година.

Повеќе
Најмалку тројца загинати во руските напади врз Одеса и Харков
Уапсениот офицер од грчкото воено воздухопловство призна дека шпиунирал за Кина
Опозицискиот лидер во Венецуела киднапиран неколку часа по ослободувањето од затвор
Во Иран приведени тројца политичари реформисти
Зеленски: Украина почнува да извезува одбранбени технологии во Европа
Лавров: Русија нема намера да ја нападне Европа, но е подготвена воено да одговори
Канбера: Посетата на израелскиот претседател е непочитување на правдата
Палестина ги критикува израелските одлуки за проширување на окупираните населби на Западниот Брег
Мексико испрати над 800 тони хуманитарна помош на Куба
Опозицискиот социјалист Сегуро е нов претседател на Португалија
Населението на Туркије во 2025 година надмина 86 милиони
Израелскиот претседател пристигна во Австралија под засилени безбедносни мерки
Јапонија: Премиерката Такаичи постигна историска изборна победа
Мицкоски: Околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
Пезешкијан: Разговорите меѓу Иран и САД се чекор напред