| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
7 мин читање
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè
Аналитичарите велат дека ниту еден настан, без оглед на неговата тежина, не ѝ дава на еден суверена држава овластување да ги заобиколи законите за вооружен конфликт и да спроведе систематско истребување на цивилното население
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè
Западот го потврди правото на Израел да се брани по 7 октомври и избра да заврти глава додека Тел Авив истураше безброј бомби и ракети врз Газа

Три години по прекуграничниот напад на Хамас, Израел продолжува да го третира тој момент како пресвртница што ја дели историјата на Израел на два дела.

Ништо од она што се случило во децениите пред тој ден не го оправдува нападот од 7 октомври, но настаните од 7 октомври го оправдуваат сè она што Израел им го направил на Палестинците оттогаш.

Насир Кадри, експерт за меѓународно право од Универзитетот Коч во Истанбул, за ТРТ Ворлд изјавува дека 7 октомври не му дава на Израел „бланко чек“ за вршење секакви ѕверства врз опколеното цивилно население во име на самоодбрана.

Тоа е така бидејќи правната рамка на која се повикува Израел за да ги оправда тригодишните воени злосторства врз цивилното население во Газа, веќе беше отфрлена од Меѓународниот суд на правдата (МСП), вели тој.

Во своето советодавно мислење од 2004 година за изградбата на ѕидот за раздвојување на окупираната палестинска територија, МСП утврди дека членот 51 од Повелбата на ОН не се однесува на закани што доаѓаат од територија која е под окупација на самата држава што се повикува на тој член, вели тој.

Потсетувајќи дека Газа е под израелска воена опсада уште од 1967 година, Кадри вели дека војната што уследи по 7 октомври претставува чин на окупаторска сила против населението што го окупира.

„Женевските конвенции не предвидуваат праг на претходно страдање над кој би престанале обврските на окупаторската сила“, вели тој.

ПоврзаниTRT Balkan - Од Накба до Голем Израел: Политиката на елиминирање на Палестина

Овој заклучок произлегува од фактот дека правен поредок што би дозволил таков праг би „овозможил вршење ѕверства во недоглед“, при што секој циклус на насилство би го оправдувал следниот, без крај, забележува Кадри.

Она што Израел го нарекува неиспровоциран напад на 7 октомври, „се случи во услови на окупација за која МСП утврди дека ги прекршува императивните норми на меѓународното право“. 

Правото на луѓето под незаконска окупација да пружат отпор- „вклучително и преку вооружена борба за остварување на правото на самоопределување“ - е признаено во Дополнителниот протокол I од 1977 година и потврдено во низа резолуции на Генералното собрание на ОН, вели тој.

Според Министерството за здравство на Газа, бројот на загинати Палестинци од октомври 2023 година до крајот на септември изнесувал речиси 74.000, додека бројот на повредени достигнал скоро 175.000.

Повеќето од жртвите на геноцидната војна на Израел против Газа се жени и деца. Непрекинатото бомбардирање уништи 90 отсто од цивилната инфраструктура. ОН проценуваат дека трошоците за обнова изнесуваат 70 милијарди долари.

Иако во Газа сè уште е на сила кревок прекин на огнот, Израел не престана со убивањата- уби повеќе од 1.400 Палестинци по 10 октомври 2025 година, денот кога стапи на сила договорот за прекин на огнот во Газа.

Кадри истакнува дека Истражната комисија на ОН, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), привремените мерки на Меѓународниот суд на правдата (МСП) и заклучокот на Амнести интернешнал за постоење геноцид, поединечно утврдиле дека „постапките на Израел претставуваат воени злосторства и носат веројатен ризик од геноцид“.

ПоврзаниTRT Balkan - Дехуманизација и фикција без која Израел не може да опстане

Комисијата на ОН го прогласи Израел за одговорен за геноцид во Газа и заклучи дека израелските власти извршиле четири од петте дела дефинирани во Конвенцијата за геноцид од 1948 година.

Омер Бартов, професор на Студиите за холокаустот и геноцид на Универзитетот Браун во САД, за TРТ Ворлд изјави дека Израел си дал- и сè уште си дава- морален „бланко чек“, односно дозвола да ги прекрши сите меѓународни закони и конвенции.

„(Израелските лидери) рекоа дека, всушност, немало ’неутрални‘ луѓе, што подразбира дека воопшто немало колатерална штета бидејќи сите биле (сметани за) виновни“, вели тој.

Али Мурат Куршун, доцент по меѓународни односи на Универзитетот Мармара во Истанбул, за ТРТ Ворлд изјави дека ниту еден настан, без оглед на неговата сериозност, не ѝ дава на една суверена држава дозвола да ги заобиколи законите за вооружен конфликт и да спроведе систематско истребување на цивилното население. 

„Она на што сме сведоци во Газа не е пропорционална безбедносна операција, туку геноцид што е технолошки и сеопфатно документиран како ниту еден друг во модерната историја“, вели тој.

Всушност, политичкото раководство во Тел Авив „можеби цинично го искористило“ 7 октомври за да спроведе „претходно смислена кампања на демографски инженеринг“.

„Да се ​​прифати претпоставката дека овој напад ги оправдува злосторствата што ги гледаме денес, значи трајно да се урне меѓународниот правен поредок воспоставен по 1945 година“, вели тој.

Историјата не започнала на 7 октомври

Сите тројца експерти ја отфрлаат идејата дека 7 октомври претставува почетна точка за правна или морална оценка на настаните што се одвиваа во изминатите три години.

ПоврзаниTRT Balkan - Три години геноцид во Газа: Човечката цена на израелскиот напад

Кадри вели дека блокадата на Газа започнала во 2007 година, додека окупацијата трае уште од 1967 година.

„7 октомври е настан во рамките на ослободителна војна што ја води окупирано население против окупаторска сила“, вели тој.

Користењето на 7 октомври како појдовна точка за правна оценка ги исклучува шестте децении документирани прекршувања што го сочинуваат „правниот карактер и моралната тежина на окупацијата“.

Бартов вели дека постојат два контекста поврзани со 7 октомври.

Првиот е шестдецениската окупација и угнетување на Палестинците, што доведе до нивна „дехуманизација во очите на многу Израелци“ и до брутализација на израелското општество, особено во однос на Палестинците.

Вториот контекст е Накба од 1948 година- масовно раселување што ги претвори Палестинците во окупирано население, вели тој.

Израелците истовремено ја негираа Накба и ја третираа како „недовршена акција што во одреден момент треба да се заврши“.

„За владата и за многу други Израелци, 7 октомври изгледаше како можност да се ‚заврши работата‘ - прво во Газа, а потоа и на (окупираниот) Западен Брег- преку етничко чистење кое, како што се случи во Газа, поприма геноциден карактер“, вели Бартов.

Секој политички чекор напред мора да започне со признавање на неправдите од Накба во 1948 година и од тековниот геноцид во Газа, додава тој.

Куршун вели дека третирањето на 7 октомври во историски вакуум претставува намерна аналитичка заблуда, осмислена да ги прикрие децениите на структурно насилство и асиметричен државен терор.

„Појдовната точка за секоја темелна проценка мора да биде 1948 година“, вели тој, истакнувајќи дека таа година го означила воспоставувањето на државна структура која се потпира на експанзија, системско лишување на Палестинците од имот и постојано демографско ограничување.

ПоврзаниTRT Balkan - Консензус за екстремизам во израелската политика

„7 октомври беше насилно пукање на тенџере под притисок што станал неодржлив од со децении нелегални анексии, ограничувања слични на апартхејд и принудни експропријации“, додава тој.

Западното лицемерие и геноцидот

Западните престолнини го потврдија правото на Израел да се брани по 7 октомври и избраа да завртат глава додека Тел Авив истураше безброј бомби и ракети врз густо населената енклава Газа.

Тие станаа свесни за ужасите на геноцидната војна на Израел дури откако таа веќе уби десетици илјади цивили и ја претвори опколената територија во урнатини.

Но дури и тогаш, многу западни престолнини го критикуваа обемот на убиствата и уништувањето, без притоа да ја прекинат испораката на оружје за Тел Авив. Кадри вели дека нивната правна позиција се променила откако МСП издаде обврзувачки привремени мерки во јануари 2024 година, наоѓајќи веродостоен ризик од геноцид во Газа.

Јазот помеѓу западните влади кои го именуваа геноцидот од говорницата на Генералното собрание на ОН минатиот месец и нивните записи за извоз на оружје во претходните три години не е само „реторичка недоследност“, вели Кадри.

„Тоа е доказната основа на нивната правна изложеност во постапките за одговорност што ќе следат по оваа војна“, вели тој.

Куршун ја опишува западната позиција како „катастрофален неуспех на меѓународните обврски, доброто меѓународно граѓанство и вежба на длабоко геополитичко лицемерие“.

Со снабдување на Израел со техничка и воена опрема, тие држави се трансформираа од пасивни набљудувачи во активни овозможувачи на хуманитарен колапс, додава тој.

„Издавањето задоцнети изјави за загриженост, додека одбиваат дипломатски да го изолираат Израел и да го направат глобален отпадник, е трајна морална дамка на трансатлантската алијанса“, вели тој.

Извор: ТРТ Ворлд

Повеќе
Палестинските деца излегуваат од израелските затвори, но затворот не ги напушта нив
Од кројач и механичар до самоук изработувач на музички инструменти
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
ОН: Речиси 50.000 жени и девојчиња се убиени или тешко повредени во Газа од октомври 2023 година
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Турскиот борбен дрон Акинчи ја погоди целта при првиот тест со домашен систем за наведување
ТРСК ја критикува ЕУ за одржување на неправедниот статус кво за изолацијата на кипарските Турци
Три лица загинале во нападите врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан