| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Захарова: Присуството на трупи на Коалицијата на подготвените во Украина е неприфатливо
Русија постојано нагласува дека распоредувањето на западни трупи на украинска територија, под кој било изговор, би претставувало закана за нашата безбедност и ние ќе ги сметаме тие трупи за легитимна воена цел, нагласи портпаролката на руското МНР
Захарова: Присуството на трупи на Коалицијата на подготвените во Украина е неприфатливо
Захарова рече дека распоредувањеto на трупи предводени од Британија и Франција би претставувало таен план за странска воена интервенција / Reuters
4 февруари 2026

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оцени дека присуството на трупи на Коалицијата на подготвените на територијата на Украина е „категорично неприфатливо“ и дека Москва ќе ги смета таквите контингенти за легитимна воена цел.

Зборувајќи на прес-конференција, Захарова рече дека евентуалното распоредување на западни трупи, кои, според неа, би биле предводени од Велика Британија и Франција, би претставувало таен план за странска воена интервенција, објави Интерфакс.

„Русија постојано нагласува дека распоредувањето на западни трупи на украинска територија, под кој било изговор, би претставувало закана за нашата безбедност. Ние ќе ги сметаме таквите трупи за легитимна воена цел“, нагласи таа.

Во јануари, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа декларација за намера во врска со евентуалното распоредување на мултинационални сили во Украина по прекинот на непријателствата.

Декларацијате беше потпишана за време на состанокот во Париз на претставниците на Коалицијата на подготвените, која обединува десетици земји кои обезбедуваат воена помош на Украина и, меѓу другото, ја разгледува можноста за распоредување мировни сили на нејзина територија по завршувањето на конфликтот.

Повеќе
Турски Рокетсан ја претстави лизгачката муниција со вештачка интелигенција „Ерен“
Германската влада планира нарачка на борбени дронови вредни 536 милиони евра
Регистар на цени и закупнини: Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови
Венецуела соопшти дека 896 притвореници се ослободени, а лидерот на опозицијата повторно е уапсен
ССМ на протест пред Собранието
Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошна конфронтација со САД
Високиот ирански безбедносен функционер пристигна во Оман за да разговара за нуклеарните разговори
Двајца загинати во нов американски напад врз брод во Пацификот
Трамп се спротивставува на израелската анексија на Западниот Брег
Фидан: Воздушните напади нема да го соборат иранскиот режим
Деветмина Палестинци убиени во вчерашните израелски напади во Газа
Османи: Патот на Косово кон НАТО и ЕУ е несопирлив
Турскиот министер за надворешни работи се сретна со високиот претставник за Газа
Вучиќ возможно е да се кандидира за премиер на Србија
За една седмица констатирани речиси 5.000 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“