| Macedonian
Дали тетоважите предизвикуваат рак на кожата? Истражувањата укажуваат на можна врска
Истражувачите ја спровеле студијата поради совпаѓањето помеѓу наглото зголемување на инциденцата на меланом на кожата и брзиот раст на трендот на тетовирање
Дали тетоважите предизвикуваат рак на кожата? Истражувањата укажуваат на можна врска
Резултатите треба да бидат потврдени со понатамошни епидемиолошки студии пред да може да се заклучи каузалноста / Reuters
21 декември 2025

Тетовираните луѓе може да бидат изложени на поголем ризик од развој на рак на кожата, особено меланом, предупреди тим од шведски епидемиолози и токсиколози.

Научниците од шведскиот универзитет Лунд проучувале речиси 3.000 луѓе со дијагностицирана болест и околу 8.500 здрави луѓе.

„Меѓу учесниците кои имале меланом, 22 проценти имале тетоважи, во споредба со 20 проценти од контролната група. Но кога ги зедовме во предвид факторите на животниот стил кои би можеле да ја нарушат поврзаноста, видовме зголемен релативен ризик за 29 проценти кај тетовираните луѓе“, изјави Емели Риц Лилједал од Универзитетот Лунд.

Резултатите, кои вклучуваа фактори како што се изложеност на сонце, употреба на солариум и тип на кожа, ги наведоа истражувачите да заклучат дека тетоважите може да бидат фактор на ризик за меланом на кожата.

Студијата, објавена во Европскиот журнал за епидемиологија, е најновата во растечкиот број студии кои се обидуваат да фрлат светлина врз долгоочекуваната врска помеѓу тетоважите и ракот на кожата.

Резултатите треба да бидат потврдени со понатамошни епидемиолошки студии пред да може да се заклучи каузалноста, додаде тимот, објаснувајќи дека ја спровеле студијата поради совпаѓањето помеѓу наглото зголемување на инциденцата на меланом на кожата и брзиот раст на трендот на тетовирање.

„Присуството на канцерогени хемикалии, како што се полиароматични јаглеводороди, ароматични амини и тешки метали во мастилата за тетовирање, бара истражување за ризикот од меланом на кожата и тетовирање“, рекоа тие.

Кога мастилото за тетовирање се инјектира во кожата, телото го перцепира како туѓа супстанца, што го активира имунолошкиот систем, објасни тимот, предупредувајќи дека некои пигменти можат да се разградат во штетни хемикалии кои можат да предизвикаат рак - особено ако некое лице оди на сончање по тетовирањето.

„Затоа, треба дополнително да разјасниме дали постои врска помеѓу мастилото за тетовирање и ракот на кожата“, рече Кристел Нилсен, вонреден професор и истражувач во областа на епидемиологијата на Универзитетот Лунд.

Повеќе
Фидан и иранскиот министер за надворешни работи разговараале за регионалните тензии
Арапските држави од Заливот ги повикаа САД да не почнуваат воен напад врз Иран
Американските производители на нафта нудат поддршка во Иран во случај на промена на режимот
Москва ја обвини ЕУ за лицемерие во врска со „Жолтите елеци“ и протестите во Иран
Земјоделците го напуштија Париз, протестите ескалираа во Тулуз
Израел уби двајца Палестинци во Газа во ново кршење на прекинот на огнот
Франција бележи демографски пресврт во 2025 година за првпат после Втората светска војна
Американски сенатори предлагаат закон за спречување на Трамп да го заземе Гренланд
Трамп најави „пресметка и одмазда“ за Минесота поради тужбата против ИЦЕ
Најмалку 22 загинати, 55 повредени при пад на кран врз воз во Тајланд
ОН го предупреди Израел дека ќе го тужи пред МСП поради законот против УНРВА
Бројот на жртви во Иран достигна 2.500, Техеран и Вашингтон разменуваат обвинувања
Венецуела повторно доби пристап до X по повеќе од една година
На иницијатива на премиерот Мицкоски ќе се одржи лидерска средба за реформските закони
Гренланд ако мора да бира ќе се одлучи за Данска, а не за САД