Ревизорски извештај: Во 22 од 34 општини нема минимум зеленило
РЕГИОН
4 мин читање
Ревизорски извештај: Во 22 од 34 општини нема минимум зеленилоОд 34 општини со седиште во град само две општини (Град Скопје и Општина Охрид) имаат донесено стратегии за развој на зеленилото, Зелен катастар во форма на ГИС портал имаат три општини (Град Скопје, Кавадарци и Охрид), наведува ДЗР.
Ревизорски извештај: Во 22 од 34 општини нема минимум зеленило / TRT Balkan MK
14 мај 2025

Од 34 општини со седиште во град, Генералните урбанистички планови (ГУП) на 22 општини не го исполнуваат препорачаниот стандард за озеленетост од 25 м2 по глава на жител, покажува извештајот на македонскиот Државен завод за ревизија.

Масовната урбанизација на просторот, долгите постапки за донесување на урбанистички планови, не донесените годишни програми за подигање и одржување на зеленилото, финансирањето на урбанистички планови од приватни лица, не изрекувањето на глоби спрема прекршителите, придонесуваат да не се  исполни препорачаниот стандард на озеленетост  во градовите, наведуват од ДЗР.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите“ со цел да се даде одговор на прашањето „Дали мерките и политиките на централната и локалната власт обезбедуваат ефикасно планирање на зелената инфраструктура во градовите?

Како што се наведува, со опфатот и доказите кои беа обезбедени по пат на примена на ревизорската методологија и техники, ревизорите стекнаа разумно уверување дека мерките и политиките на централната и локалната власт не обезбедуваат ефикасно планирање на зелената инфраструктура во градовите.

„Поделбата на дејноста просторно и урбанистичко планирање и некоординираноста на надлежните институциите, резултира со недостаток на правна рамка што ќе го уреди просторното планирање и зелената инфраструктура, а со законските решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти се нарушува системот на урбанистичко планирање“, нотираат ревизорите.

Понатаму, во извештајот се наведува дека во услови кога донесувањето на нов Просторен план како највисок стратешки документ на државата доцни повеќе од четири години, имајќи ги во предвид настанатите суштински промени во општествениот, економскиот, демографскиот и просторниот развој, постојниот Просторен план не претставува добра основа за дефинирање на стратешките и планските документи во државата од пониско ниво, кои во периодот од 2021 до 2024 година се донесуваат врз основа на не ажурирани податоци и информации и не соодветствуваат на состојбите во државата.

„Поради слабости во дефинирање на надлежностите на институциите / органите инволвирани во процесот и не воспоставената институционална соработка и координација, паралелно се водат и одржуваат два информациски системи кои не ги споделуваат во целост податоците во Национална инфраструктура на просторни податоци“, стои во извештајот.

Наодите на ДЗР покажуваат дека од 34 општини со седиште во град само две општини (Град Скопје и Општина Охрид) имаат донесено стратегии за развој на зеленилото, Зелен катастар во форма на ГИС портал имаат три општини (Град Скопје, Кавадарци и Охрид), а 18 општини не ја испочитувале обврската за донесување на годишни програми за подигање и одржување на зеленилото, што укажува на немање долгорочна визија, цели, активности и индикатори за следење на урбаното зеленило на локално ниво.

Генерални урбанистички планови

Постапката за донесување на урбанистички планови се врши преку електронски систем е-урбанизам, но поради комплексноста, обезбедувањето на мислења од 22-30 институции / установи и правни лица, должината на законски утврдените рокови и нивното недоследно почитување, од вкупно 34 општини со седиште во град, 8 општини (23%) имаат важечки ГУП, 24 општини (71%) имаат ГУП со изминат плански период, а две општини (6%) воопшто немаат донесено генерален урбанистички план, забележуваат ревизорите.

Генералните урбанистички планови на 14 општини се донесени по изминување на 3 до 5 години од планскиот период за кој се однесуваат, со што градовите не се во можност да ги разработат со детални планови за времетраење на периодот.

Во периодот од 2020-2024 година, 77% од постапките за донесување на ДУП во системот е-урбанизам не се завршени, поради не почитување на законски утврдениот рок за траење на постапката до 18 месеци која за одредени општини трае и до 4 години.

ГУП-овите на 22 општини не го исполнуваат препорачаниот стандард за озеленетост од 25 м2 по глава на жител, а зелените површини кои се одржуваат и ново подигнатите зелени површини во корелација со бројот на жители согласно пописот од 2021 година укажува дека ниту една општина не го исполнува стандардот утврден во одредбите на член 19 од Законот за урбано зеленило.

ИЗВОР:TRT Balkan MK
Повеќе
Мерц: ЕУ е секогаш подготвена за разговори со Русија за завршување на војната во Украина
Франција станува првата земја од ЕУ што отвора генерален конзулат во Гренланд
OН: Вооружени израелски доселеници протерале 900 Палестинци од Западниот Брег од јануари
Најмалку 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во џамија во главниот град на Пакистан
Трамп покрена онлајн продавница за лекови со попуст: Луѓето ќе штедат пари и ќе бидат здрави
Иран ја претстави најнапредната балистичка ракета во својот арсенал
Претседателот на Туркије ја одбележа третата годишнина од земјотресот во 2023 година
Канадскиот премиер Карни: Туркије е значаен партнер за Канада
Како црвен автомобил од Азербејџан стана симбол на солидарност по земјотресот во Туркије во 2023
Војската на САД уништи уште еден наводен нарко-брод во Пацификот
Турски МИТ приведе двајца осомничени соработници на Мосад во Истанбул
Арагчи и Бусаиди се сретнаа пред разговорите САД-Иран во Оман
Трамп: САД и Русија не треба да го продолжат договорот СТАРТ, туку да постигнат нов
САД ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Иран
Иран: Влегуваме во нуклеарните разговори со САД со добра волја