СВЕТ
1 мин читање
Во Англија уапсен осомничен за кибер-напади врз неколку аеродроми низ Европа
Британската Национална агенција за борба против криминалот информира дека осомничениот е уапсен во Западен Сасекс во вторник под сомнение за злоупотреба на компјутери и е ослободен со кауција
Во Англија уапсен осомничен за кибер-напади врз неколку аеродроми низ Европа
Истрагата е за инцидентите од 19 септември што влијаеја на летовите на Хитроу и на аеродромите во Берлин и Брисел во текот на викендот / Reuters
24 септември 2025

Еден маж е уапсен поради наводен кибернапад што предизвикал нарушувања на аеродромот Хитроу и други европски аеродроми, соопшти британската Национална агенција за борба против криминалот (НЦА)во среда.

Во соопштението, НЦА информира дека е започната истрага за инцидентот од 19 септември што влијаеше на летовите на Хитроу во Лондон и другите европски аеродроми во текот на викендот. Осомничениот, кој е на возраст од 40-ина години, е уапсен во Западен Сасекс во вторник под сомнение за злоупотреба на компјутери и е ослободен со кауција.

Заменик-директорот на НЦА и раководител на Националната единица за киберкриминал на НЦA, Пол Фостер рече дека, иако апсењето е позитивен чекор, истрагата за инцидентот е во рана фаза и сè уште е во тек.

Кибер-криминалот е постојана глобална закана што продолжува да предизвикува значителни нарушувања во Обединетото Кралство, рече тој.

Кибер-нападот го погоди американскиот давател на аеродромски услуги „Колинс Аероспејс“ овој месец, нарушувајќи ги системите за пријавување и бординг на аеродромите Хитроу во Лондон и Брисел, Берлин и Даблин.

Повеќе
Бројот на жртви од тајфунот Буалои во Виетнам се искачи на 19, илјадници се раселени
Двајца загинати со напад на украински дрон во близина на Москва
Првични резултати: Проевропската партија ПАС освои мнозинство на изборите во Молдавија
Вооружен напад во црква во Мичиген, САД - Напаѓачот е застрелан од полицијата
Форензичари повикуваат на истраги за воени злосторства во Газа по моделот на БиХ и Косово
Ердоган: Со Трамп постигнавме разбирање за прекинот на огнот во Газа
Саудиска Арабија иницира формирање меѓународна коалиција за финансирање на Палестинската управа
Трамп вели дека „нема да дозволи Израел да го анектира Западниот Брег“
Италијанската премиерка Мелони: Израел нема право да спречи создавање на палестинска држава, да гради нови населби
Супер тајфунот Рагаса го погоди Хонг Конг: 82 повредени, предизвикана е голема штета
Поранешниот француски претседател Саркози прогласен за виновен за криминален заговор
Осум од десет Американци сметаат дека САД е во политичка криза по убиството на Чарли Кирк
Сеул тврди дека Северна Кореја има 2.000 килограми високо збогатен ураниум
Австралискиот премиер вели дека вистинската вредност на ОН „се мери со дела“
Словенија бара крај на геноцидот во Газа за да се исполни одговорноста на светот како човечки суштества
Повеќе убиени и ранети лица во пукотница во објект на Службата за имиграција и царина во Далас