СВЕТ
2 мин читање
Вооружен напад во црква во Мичиген, САД - Напаѓачот е застрелан од полицијата
Полицијата соопшти дека напаѓачот, лице на 40-годишна возраст, со автомобил дошол до црквата и потоа почнал да пука врз оние што присуствувале на службата
Вооружен напад во црква во Мичиген, САД - Напаѓачот е застрелан од полицијата
Вооружен напад во црква во Мичиген, САД - Напаѓачот е застрелан од полицијата / AP
29 септември 2025

Според првичните информации, најмалку четири лица се убиени, а осум се повредени во вооружениот напад што се случил за време на неделната служба во црква во американската сојузна држава Мичиген, известува Анадолу.

Локалната полиција објави дека вооружен маж извршил напад во црква во градот Гранд Блан за време на неделната служба.

Полицијата соопшти дека напаѓачот, лице на 40-годишна возраст, со автомобил дошол до црквата и потоа почнал да пука врз оние што присуствувале на службата.

Според првичните информации, во вооружениот напад се убиени четири лица, а осум се повредени. Полицијата соопшти дека потоа избувнал пожар во црквата и дека бројот на жртви може да се зголеми.

По инцидентот напаѓачот бил убиен од страна на двајца полицајци што се обидувале да го неутрализираат.

Голем број екипи се пратени на местото на нападот, а полицијата се сомнева дека пожарот во црквата бил намерно подметнат од напаѓачот.

Напаѓачот е идентификуван како поранешен маринец

Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (АТФ) го идентификуваше напаѓачот како Томас Џејкоб Санфорд, 40-годишник од Бартон.

Полицаецот Вилијам Ренје изјави дека поранешниот американски маринец пристигнал во црквата со пикап на кој биле закачени две американски знамиња пред да излезе и да пука од огнено оружје.

Ренје рече дека откако напаѓачот излегол од црквата, бил гонет од двајца полицајци и застрелан по околу осум минути. ФБИ го опиша инцидентот како „насочен акт на насилство“.

Сепак, сè уште не е објавено соопштение во врска со мотивот на напаѓачот.

Претседателот Доналд Трамп потврди дека нападот бил „насочен акт на насилство“ врз христијаните и вети целосна поддршка на државните и локалните власти.

Повеќе
Бројот на жртви од тајфунот Буалои во Виетнам се искачи на 19, илјадници се раселени
Двајца загинати со напад на украински дрон во близина на Москва
Првични резултати: Проевропската партија ПАС освои мнозинство на изборите во Молдавија
Форензичари повикуваат на истраги за воени злосторства во Газа по моделот на БиХ и Косово
Ердоган: Со Трамп постигнавме разбирање за прекинот на огнот во Газа
Саудиска Арабија иницира формирање меѓународна коалиција за финансирање на Палестинската управа
Трамп вели дека „нема да дозволи Израел да го анектира Западниот Брег“
Италијанската премиерка Мелони: Израел нема право да спречи создавање на палестинска држава, да гради нови населби
Супер тајфунот Рагаса го погоди Хонг Конг: 82 повредени, предизвикана е голема штета
Поранешниот француски претседател Саркози прогласен за виновен за криминален заговор
Осум од десет Американци сметаат дека САД е во политичка криза по убиството на Чарли Кирк
Сеул тврди дека Северна Кореја има 2.000 килограми високо збогатен ураниум
Австралискиот премиер вели дека вистинската вредност на ОН „се мери со дела“
Словенија бара крај на геноцидот во Газа за да се исполни одговорноста на светот како човечки суштества
Во Англија уапсен осомничен за кибер-напади врз неколку аеродроми низ Европа
Повеќе убиени и ранети лица во пукотница во објект на Службата за имиграција и царина во Далас