Повеќе лица биле убиени и повредени во среда наутро во пукотница во објект на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) во Далас, во американската држава Тексас, според официјални лица и извештаи од локалните медиуми.
Полицијата реагирала на инцидентот во притворниот центар на ИЦЕ во близина на меѓудржавниот автопат 35E пред 7 часот наутро, објави телевизиската станица ВФAA, повикувајќи се на полициски извори.
Министерката за внатрешна безбедност на САД Кристи Ноем ја потврди пукотницата на X, каде напиша: „Деталите за случајот сè уште се собирааат, но можеме да потврдиме дека има повеќе повредени и смртни случаи“.
Најмалку три лица се критично ранети, а вооружен човек е пронајден мртов на покривот на блиската канцеларија на адвокат за имиграција, изјавија извори за ВФAA.
Ноем рече дека „стрелецот починал од самонанесена прострелна рана“ и дека властите сè уште не го знаат мотивот.
Властите бараа можни дополнителни стрелци, соопшти ВФAA, иако останува нејасно дали биле вклучени други вооружени лица.
Понатамошни детали за жртвите не беа веднаш достапни.
Пукањето се случува во услови на значително засилени операции на ИЦЕ под администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп од неговата инаугурација во јануари.
Министерството за внатрешна безбедност на САД објави во вторник дека над 2 милиони недокументирани имигранти ги напуштиле САД од 20 јануари, вклучувајќи приближно 1,6 милиони доброволни заминувања и повеќе од 400.000 формални депортации.
Операциите на ИЦЕ се насочени и кон недокументирани имигранти и кон лица со криминално досие како дел од проширените напори за спроведување на законот на администрацијата.
Сепак, застапниците на имиграцијата велат дека Трамп вети дека ќе ги гони криминалците, членовите на банди и терористите меѓу имигрантското население, но наместо тоа завршил насочен кон долгорочни нелегални мигранти кои ги почитуваат законите, вклучувајќи многумина со семејства и работа.
Тие, исто така, се жалат на нелегални притворања на ИЦЕ од страна на агенти кои носат маски и одбиваат да се легитимираат.