СВЕТ
1 мин читање
Двајца загинати со напад на украински дрон во близина на Москва
На местото на настанот беа пратени служби за итни случаи, а гувернерот Воробјов нагласи дека на погодените жители ќе им биде обезбедено привремено сместување и помош
Двајца загинати со напад на украински дрон во близина на Москва
Русија соопшти дека две лица се убиени во напад со беспилотно летало врз регионот на Москва / AP
29 септември 2025

Две лица се убиени по напад на беспилотно летало врз дом во текот на ноќта во регионот на Москва, објави денес гувернерот Андреј Воробјов.

„За жал, во Воскресенск се случи трагедија: две лица загинаа во оган врз приватен дом“, напиша Воробјов на Телеграм, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

Тој рече дека руските единици за воздушна одбрана пресретнале четири дронови над Воскресенск и Коломна, додавајќи дека неколку згради во Воскресенск претрпеле оштетувања на прозорците и фасадите, а уличното осветлување било прекинато.

На местото на настанот беа пратени служби за итни случаи, а Воробјов нагласи дека на погодените жители ќе им биде обезбедено привремено сместување и помош.

Нападите со беспилотни летала врз руските региони во близина на главниот град и пограничните области се зголемија последниве месеци, а Москва тврди дека украинските сили стојат зад нападите. Украина сè уште не одговорила на тврдењата.

Повеќе
Бројот на жртви од тајфунот Буалои во Виетнам се искачи на 19, илјадници се раселени
Првични резултати: Проевропската партија ПАС освои мнозинство на изборите во Молдавија
Вооружен напад во црква во Мичиген, САД - Напаѓачот е застрелан од полицијата
Форензичари повикуваат на истраги за воени злосторства во Газа по моделот на БиХ и Косово
Ердоган: Со Трамп постигнавме разбирање за прекинот на огнот во Газа
Саудиска Арабија иницира формирање меѓународна коалиција за финансирање на Палестинската управа
Трамп вели дека „нема да дозволи Израел да го анектира Западниот Брег“
Италијанската премиерка Мелони: Израел нема право да спречи создавање на палестинска држава, да гради нови населби
Супер тајфунот Рагаса го погоди Хонг Конг: 82 повредени, предизвикана е голема штета
Поранешниот француски претседател Саркози прогласен за виновен за криминален заговор
Осум од десет Американци сметаат дека САД е во политичка криза по убиството на Чарли Кирк
Сеул тврди дека Северна Кореја има 2.000 килограми високо збогатен ураниум
Австралискиот премиер вели дека вистинската вредност на ОН „се мери со дела“
Словенија бара крај на геноцидот во Газа за да се исполни одговорноста на светот како човечки суштества
Во Англија уапсен осомничен за кибер-напади врз неколку аеродроми низ Европа
Повеќе убиени и ранети лица во пукотница во објект на Службата за имиграција и царина во Далас