| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Ердоган: Нема да дозволиме ционистите да вршат нови операции во нашиот регион
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, даде изјава во која остро ги осуди плановите против редефинирање на границите во регионот, нагласувајќи дека Туркије нема да дозволи повторување на игрите од пред еден век.
Ердоган: Нема да дозволиме ционистите да вршат нови операции во нашиот регион
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, даде изјава во која остро ги осуди плановите против редефинирање на границите во регионот, нагласувајќи дека Туркије нема да дозволи повторување на игрите од пред еден век. / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, даде изјава во која остро ги осуди плановите против редефинирање на границите во регионот, нагласувајќи дека Туркије нема да дозволи повторување на игрите од пред еден век.

„Како потомци на султанот Алпарслан и Салахудин Ејуби ќе стоиме рамо до рамо, со обединето срце и душа и со Божја дозвола нема да дозволиме ционистите да вршат нови операции во нашиот регион“, напиша Ердоган на платформата „Х“.

Тој предупреди дека регионот и светот минуваат низ период на историско преструктуирање и Туркије мора да дејствува внимателно.

„Додека геноцидната мрежа отворено ги објавува своите намери да го подели нашиот регион со нови мапи, и ние мора да ги дефинираме нашите политики во согласност со оваа реалност“, рече тој.

Турскиот претседател нагласи дека целта на Туркије е да создаде стабилна безбедносна клима, каде ниту еден граѓанин и ниту еден припадник на безбедносните сили нема да претрпи ниту една рана.

„Нашата цел е векот на Туркије да го направиме ера на мир, братство и солидарност во нашиот регион“, заклучи Ердоган.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Зеленски: Членството во НАТО е најдобра гаранција за безбедноста на Украина и Европа
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили
Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите, пресуди Меѓународниот суд на правдата
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Данскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со САД за Гренланд
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Кси, Трамп и Путин ветија реформа на ОН и намалување на нукларните ризици
ИЕА: Се очекува емисиите на ЦО2 од центрите за податоци да се зголемат за 70% до 2030 година
Хакери украле 62 милиони страници владини документи во Бугарија
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО