| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Се затвораат 26 рурални училишта, 300 паралелки помалку во основното и средното образование
Ако имаме централно училиште во кое учат 200 деца, а на 2,5 километри имаме училиште во кое учат 18 деца, нема логика да ги чуваме заробени децата во тоа училиште, рече министерката Весна Јаневска
Се затвораат 26 рурални училишта, 300 паралелки помалку во основното и средното образование
Education Be Well Parent Teacher Conferences

200 паралелки помалку во основното и 100 паралелки помалку во средното образование и затворање на 26 рурални училишта. Ова е состојбата во македонското образование која е резултат на малиот број запишани првачиња.

Според министерката за образование Весна Јаневска тоа се прави со цел да им се овозможи социјализација на учениците и да се подобри квалитетот на образованието.

„Не сакаме нивно изолирано постоење во одредена рурална средина каде што владеат одредени принципи, па и одредени стереотипи и каде што квалитетот на образованието не може да биде соодветен заради малиот број на ученици. Ако имаме централно училиште во кое учат 200 деца, а на 2,5 километри имаме училиште во кое учат 18 деца, нема логика да ги чуваме заробени децата во тоа училиште” рече Јаневска.

Училиштата нема да се затвораат ако најблиското училиште е оддалечено 15 или 20 километри или ако патиштата се несоодветни и небезбедни за малите деца.

Повеќе
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Неџад еф. Грабус избран за нов реисул-улема на Исламската заедница во БиХ
Трамп: Русија ќе испорача 300.000 тони дизел на американскиот и глобалниот пазар
Гутереш ги осуди санкциите на САД против МКС
Далија Кајед го преживеала геноцидот - сега ја раскажува својата приказна преку фотографии и вез
Меѓународниот кривичен суд остро ги отфрла американските санкции
„Пак би го избрал истото“: Шеесетгодишниот пат на еден турски книговезец
САД воведоа санкции врз Меѓународниот кривичен суд и се заканија дека ќе го укинат
ЕУ и Кина на крстопат: Планот за построг пристап до европскиот пазар закана за нова трговска војна
Палестинските деца излегуваат од израелските затвори, но затворот не ги напушта нив
Од кројач и механичар до самоук изработувач на музички инструменти
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка