| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Двоцифрена стапка на инфлација во Германија,првпат во Втората светска војна
Според статистичките податоци, инфлацијата во Германија се искачи на највисоко ниво во последните 70 години.
Двоцифрена стапка на инфлација во Германија,првпат во Втората светска војна
Инфлацијата во Германија првпат по Втората светска војна достигна двоцифрена стапка. Според статистичките податоци, инфлацијата во Германија се искачи на највисоко ниво во последните 70 години.     Фото: АА (Архива)  / AA

Инфлацијата во Германија првпат по Втората светска војна достигна двоцифрена стапка. Според статистичките податоци, инфлацијата во Германија се искачи на највисоко ниво во последните 70 години.

Потрошувачките цени се зголемија нагло во септември за 10,0 отсто во споредба со истиот месец минатата година, како што објави Статистичкиот завод на Германија (Destatis).

На тој начин властите ги потврдија прелиминарните податоци. Во август е забележана стапка на инфлација од 7,9 отсто.

Во некои сојузни покраини не е видена толку висока стапка на инфлација уште од 50-тите години од минатиот век.

Цените на енергијата во септември беа повисоки за 43,9 отсто отколку во истиот месец минатата година, покажуваат официјалните статиситчки податоци. Во август цените беа повисоки за 35,6 отсто.

Официјалните статистички податоци покажуваат дека забрзано растат и цените на храната, во септември зголемувањето беше за 18,7 отсто, а во август 16,6 отсто.

Дестатис го истакнува „забележливото“ зголемување на цените на енергијата од почетокот на војната во Украина и „надпросечното“ зголемување на цените на храната, што го поврзува со зголемувањето на цените на производителите од 22,3 проценти во прехранбениот сектор.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев