| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Седум региони во Северна Македонија со поголем број починати од родени
Извештајот на Државниот завод за статистика опфаќа споредбени податоци за изминатите години за економијата, образованието, културата, социјалната заштита, туризмот
Седум региони во Северна Македонија со поголем број починати од родени
Најмладо население во Северна Македонија живее во Полошкиот и Скопскиот регион, а највозрасно во Пелагонискиот и Источниот регион     Фото: ТРТ Балкан / Photo: TRT Balkan / ТРТ Балкан МК
30 ноември 2022

Каде во Северна Македонија живее најмладо, а каде највозрасно население? Каде бројот на починатите е поголем од бројот на родените? Кој регион е препознатлив по најголема миграција? На овие прашања одговор дава неодамна објавениот извештај на Државниот завод за статистика насловен „Регионите во Република Северна Македонија“.

Во него се опфатени податоци за економијата, образованието, културата, социјалната заштита, туризмот. ТРТ Балкан во продолжение ви презентира дел од податоците од извештајот кој се однесува на Скопскиот, Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот, Североисточниот и Скопскиот регион.

Источниот регион со најголема разлика меѓу родени и починати

Во седум од осум региони во Северна Македонија бројот на починатите го надминува бројот на родените. Во Вардарскиот регион во 2021 година се родиле 1.257, а починале 2.362 лица.

Во Источниот регион разликата е повеќе од двојна- родени биле 1.173, а починати 2.691 лица. Во Југозападниот регион се родиле 1.664, а починале 2.625. Во Југоисточниот регион разликата исто така е голема- 1.283 родени, а 2.483 починати.

Слична е сликата и во Пелагонискиот регион -1.741 родени , за разлика од 3.613 починати. Во Полошкиот регион се родиле 2.762, а починале 3.574 лица. Во Североисточниот регион соодносот е 1.512 родени и 2.450 починати. Во Скопскиот регион се родиле 7.256, а починале 8.715. Во Скопскиот регион разликата е најмала. Коефициентот на родени е 12 на 1.000 лица и 14.4 починати.

Најмладо население живее во Полошкиот и Скопскиот регион, а највозрасно во Пелагонискиот и Источниот регион.

Скопскиот регион со најголема внатрешна миграција

Во Скопскиот регион исто така најзабележителна е миграцијата и овој регион има најгуста населеност. Во него живеат 33 отсто од граѓаните опфатени со пописот. За регионот околу главниот град внатрешната миграција исто така е една од главните одлики.

„Во регионот се концентрирани најголемиот дел од индустриските, трговските и услужните капацитети. Во овој регион се наоѓа главниот град кој е економски, административен, универзитетски и културен центар на државата. Како последица на ова, во однос на внатрешните миграциски процеси, овој регион претставува најголемо имиграциско подрачје”, е наведено во извештајот.

Десет ученици на еден наставник

Во делот кој се однесува на образованието се вели дека во Северна Македонија се регистрирани 972 училишта. Државниот просек е 192 ученици од основно во едно училиште. Со поголеми отскокнувања во Скопскиот регион (422) и Пелагонискиот регион (114).

Во средното образование на секои 10 ученици во просек има по еден наставник. Што се однесува до високото образование, впечатлив е фактот дека во 2021 година во Северна Македонија дипломирале 7.257 студенти или за околу 800 повеќе од 2020 година.

Во градинките за време на пандемијата во 2020 година за 6,6 отсто опаднал бројот на запишани деца во однос на периодот претходно. (2018 - 26,3 % - 2020 19,7 %).

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим
Се бара ослободување на лидерот на палестинско-американската заедница уапсен од ИЦЕ
Јужна Кореја и Франција се заложија заеднички да обезбедат безбеден премин низ Ормускиот теснец
Пентагон го испрати во пензија началникот на армијата и разреши уште двајца генерали
Бројот на жртви од поплавите во Авганистан се искачи над 50
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец