| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Хакери открија лични податоци на над 200 милиони корисници на Твитер
Тврдењата за големината и обемот на протечените податоци варираат, а се тврди дека биле украдени 400 милиони и-мејл адреси и телефонски броеви
Хакери открија лични податоци на над 200 милиони корисници на Твитер
Хакери открија лични податоци на над 200 милиони корисници на Твитер / Photo: AA / AA

Хакери украле лични податоци на над 200 милиони корисници на Твитер и ги споделиле, меѓу кои и е-мејлови и телефонски броеви, на веб-страница за хакирање.

Инцидентот „за жал, ќе доведе до многу хакирање, таргетиран фишинг и доксинг“, изјави Алан Гал, коосновач на израелската компанија за мониторинг на кибербезбедноста, „Хадсон рок“.

Опишувајќи го инцидентот како „едно од најголемите протекувања“ што ги видел во целиот свој живот, Гал прво го објави на страницата за социјално вмрежување фокусирана на бизнисот Линкедин на 24 декември.

Фотографии од хакерскиот форум, на којшто податоците се појавија во средата и проциркулираа на интернет.

Твитер не одговори на ниту една објава во која се споменува протекувањето на податоците, ниту го коментира извештајот споделен од безбедносниот истражувач.

Не е познато дали платформата за социјални медиуми презела одредени чекори за да го истражи или да се справи со проблемот.

Идентитетот на оние кои стојат зад хакирањето, како и други детали, сè уште не се познати.

Можно е тоа да се случило уште во 2021 година, многу пред милионерот Илон Маск да ја преземе компанијата во октомври 2022 преку договор вреден 44 милијарди долари, кој беше проследен со контроверзии и превирања.

Тврдењата за големината и обемот на протечените податоци варираат, а се тврди дека биле украдени 400 милиони и-мејл адреси и телефонски броеви.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
Калифорниската адвокатска комора го истражува адвокатскиот статус на поранешната портпаролка
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“