| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
ФБИ: Кина преку ТикТок може да ги контролира податоците во уредите
„Доколку ги прашате Американците дали сакаат сите нивни податоци, контролата врз нивниот уред и нивните податоци да и ги дадат на Комунистичката партија на Кина, поголемиот дел од Американците би кажале „Не. Заврши мојата работа со тоа.“ “
ФБИ: Кина преку ТикТок може да ги контролира податоците во уредите
ФБИ: Кина преку ТикТок може да ги контролира податоците во уредите / Photo: Reuters / Reuters

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, истакна дека Кина преку апликацијата ТикТок може да пристапи до податоците и уредите на корисниците, и преку тоа може да изврши операции на големи и сложени збирки на податоци (big data).

Реј се обрати на сесијата во врска со глобалните закани против САД во рамки на Комитетот за разузнавање при американскиот Сенат, заедно со други високи безбедносни претставници во земјата.

Тој нагласи дека Кина, преку апликацијата ТикТок може да ги контролира податоците на милиони корисници, може да ги контролира софтверите кои се инсталирани во уредите, и преку оваа апликација може да влијае врз пристапот на корисниците во врска со некои теми.

Реј истакна дека сѐ уште не е сигурен дали ТикТок се користи за оваа намена.

Според него, за САД важна е разликата меѓу приватна компанија и јавно претпријатие, и додаде дека не постои некоја линија на поделба меѓу приватниот сектор и Комунистичката партија на Кина.

„Доколку ги прашате Американците дали сакаат сите нивни податоци, контролата врз нивниот уред и нивните податоци да и ги дадат на Комунистичката партија на Кина, поголемиот дел од Американците би кажале „Не. Заврши мојата работа со тоа.“ “, додаде тој.

Реј рече дека користејќи супер компјутери и вештачка интелигенција, Кина може да изврши бројни илегални активности, вклучувајќи шпионирање и кражба на ИП адреси.

„Тоа е контролирање на податоците со цел реализирање на било какви операции на големи и сложени збирки на податоци (big data). Тоа е контролирање на софтверите за да пристапи до милиони уреди“, истакна Реј.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев