| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Започна гласањето на турските иселеници во Европа за изборите во Туркије
Германија има најголем број турски гласачи, 1,5 милиони, Франција има над 397.000 гласачи, а Холандија речиси 287.000, според официјалните податоци
Започна гласањето на турските иселеници во Европа за изборите во Туркије
Започна гласањето на турските иселеници во Европа за изборите во Туркије / Photo: AA / AA

На гласачките места низ Европа турските иселеници денес започнаа со гласањето за претстојните парламентарни и претседателски избори во Туркије.

Турските државјани во странство гласаат во Австрија, Данска, Франција, Германија и Луксембург, а гласањето во Туркије ќе се одржи на 14 мај.

На гласачките ливчиња гласачите ќе избираат меѓу четворица кандидати за претседател: актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Мухарем Инџе, Кемал Киличдароглу и Синан Оган. Покрај тоа, за 600-те места во Парламентот ќе се борат 24 политички партии и 151 независен кандидат.

Гласањето на граничните премини, кое започна денес, ќе заврши на 14 мај, додека на повеќето избирачки места во странство гласањето ќе заврши на 9 мај, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Околу 3,41 милиони луѓе се очекува да го дадат својот глас во странство, меѓу кои речиси 278.000 млади луѓе што гласаат првпат.

Германија има најголем број турски гласачи, 1,5 милиони, Франција има над 397.000 гласачи, а Холандија речиси 287.000, според официјалните податоци.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев