| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Силјановска Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за лицата со Даунов синдром
„Потребно е да се подигне јавната свест и да се отворат повеќе дневни центри. Нема полековита доза среќа од разбирањето, прифаќањето и љубовта кон овие лица“, истакна претседателката.
Силјановска Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за лицата со Даунов синдром
Силјановска Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за лицата со Даунов синдром / Other
19 март 2026

Во пресрет на 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Силјановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија „Дневен центар – Доза среќа“ од Скопје.

На средбата, таа го поздрави холистичкиот пристап на здружението, кој придонесува за унапредување на животот на децата, младите и возрасните лица со Даунов синдром.

Силјановска-Давкова нагласи дека институциите треба да обезбедат подобри услови за развој на животните вештини и активно вклучување на овие лица во општеството како рамноправни граѓани.

„Потребно е да се подигне јавната свест и да се отворат повеќе дневни центри. Нема полековита доза среќа од разбирањето, прифаќањето и љубовта кон овие лица“, истакна претседателката.

Претседателката на здружението, Сузана Стојановска, информираше дека центарот е отворен и за деца со други попречености, како оштетен говор, слух и вид.

Таа посочи дека дискриминацијата сè уште е присутна и претставува сериозен општествен предизвик, при што како клучни проблеми ги издвои недостигот од стручен кадар, мал број волонтери, несоодветните услови во центарот и ограничените можности за вработување на лицата со Даунов синдром.

Настанот беше збогатен со музички настап на знаковен јазик, како и изведба на хармоника од Денис Димитров, со што уште еднаш беше покажано дека талентот не познава бариери.

Во знак на благодарност, претставниците на центарот на претседателката ѝ врачија рачно изработен подарок.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Пелеши-Гаши: Напредокот на Албанија кон европското семејство позитивен сигнал за земјите од Западен Балкан
МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 - 2030
Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, а бензините за 1,5 денар за литар
Црногорските превозници почнаа блокада на товарниот сообраќај на граничните премини
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди
Христијаните го слават празникот Велигден
EEС системот го блокираше влезот во Хрватска, патниците чекаат со часови
Сиљановска-Давкова: Во одредени сегменти сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
Никола Стојов од кочанско Оризари, млад чувар на традицијата со изработка и свирење на гајди
САД најавија техничка и финансиска помош од 5 милиони долари за јакнење на кибербезбедноста
Грција ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години од следната година
Муцунски: Стратешкиот дијалог со САД ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
7 април - Светски ден на здравјето 2026
„Заедно за здравје. Бидете на страната на науката “
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг-трошоците за Западен Балкан
Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност
Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
Студенти протестираа во Скопје, бараат полагање на правосудниот испит и на албански јазик
Грција купува израелски ракетни системи ПУЛС во вредност од 758 милиони долари
Ново поскапување на дизелот, намалена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95