| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Северна Кореја со лажен пребарувач ги краде податоците на јужнокорејците
Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја објави дека Северна Кореја создала преарувач сличенна Навер кој има за цел да пристапи до личните податоци на јужнокорејските корисници
Северна Кореја со лажен пребарувач ги краде податоците на јужнокорејците
Северна Кореја со лажен пребарувач ги краде податоците на јужнокорејците / Photo: AA Archive / AA Archive

Северна Кореја направи копија од Навер, најкористениот пребарувач и интернет-портал во земјата, со цел да ги украде податоците од јужнокорејските корисници.

Според веста на новинската агенција Јонхап, Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја соопштила дека Северна Кореја создала пребарувач сличен на Навер.

Во ова соопштение се вели дека Северна Кореја преку овој пребарувач има цел да пристапи до личните податоци на јужнокорејските корисници преку крадење на нивното корисничко име и лозинка.

Според соопштението, Северна Кореја се обидува да врши киберизмама, додека се наведува дека сите платформи на Навер се копирани.

Оваа разузнавачка агенција упати предупредување да се биде внимателен при најавувањето во интернет-страниците и побара да се прекине пристапот до интернет-страниците во случај да се открие дека се лажни.

Порталот Навер, кој е еден од најкористените интернет-страници во Јужна Кореја, нуди услуги во различни области, како што се мапи, блогови, страници за разговори, како и системи за онлајн плаќање.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев