| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Украина: Зголемен бројот на загинати во поплавите од експлозија на брана
Според последните податоци, 46 лица загинаа, додека 122 лица се повредени и тие се примени во болница со хипотермија и други повреди
Украина: Зголемен бројот на загинати во поплавите од експлозија на брана
Украина: Зголемен бројот на загинати во поплавите од експлозија на брана / Photo: AA / AA

Бројот на загинати во поплавите предизвикани од експлозијата на браната „Каховка“ во јужната украинска област Херсон се искачи на 46, објави руската новинска агенција ТАСС.

„Според последните податоци, 46 лица загинаа, додека 122 лица се повредени и тие се примени во болница со хипотермија и други повреди“, соопшти новинската агенција, повикувајќи се на локалните служби за итни случаи.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за нападите на 6 јуни, кои доведоа до уништување на ѕидовите на браната, што резултираше со поплави на околните подрачја.

Владимир Салдо, шеф на регионалната Влада, именуван од Русија, преку Телеграм рече дека Украинските вооружени сили користеле британски ракети „Сторм шедоу“ за гранатирање на мостовите што го поврзуваат регионот Херсон со полуостровот Крим.

Сергеј Аксјонов, челник на Крим назначен од Русија, исто така, преку Телеграм истакна дека се извршени напади и на Чонгарските железници и автомобилските мостови.

Експерти вршат увид на штетите за да утврдат дали инфраструктурата може и понатаму да се користи за транспорт, додава тој.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
Калифорниската адвокатска комора го истражува адвокатскиот статус на поранешната портпаролка
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“