| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во напад на израелските сили на Западниот Брег загинаа осуммина Палестинци
Израелските сили, придружени од булдожери, извршиле и рација во кампот, предизвикувајќи судири со палестински вооружени лица.
Во напад на израелските сили на Западниот Брег загинаа осуммина Палестинци
Во напад на израелските сили на Западниот Брег загинаа осуммина Палестинци / Photo: AA / AA

Осуммина Палестинци загинаа, а 27 други се повредени денес како резултат на оган од израелската војска на окупираниот Западен Брег, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението на Министерството се вели дека седуммина од загинатите биле во градот Џенин, додека еден во Рамала.

Седуммина од повредените се во тешка состојба, соопшти Министерството.

Според новинската агенција Анадолу (АА), израелски воени авиони нападнале куќа во бегалскиот камп во Џенин со најмалку три проектили. Израелските сили, придружени од булдожери, извршиле и рација во кампот, предизвикувајќи судири со палестински вооружени лица.

Израелски војник е хоспитализиран откако бил полесно повреден од шрапнел од рачна граната за време на воената операција, објави весникот Ерусалим пост.

Портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари, рече дека операцијата била фокусирана на бегалскиот камп Џенин и дека е „дел од серијата акции што ги спроведуваме и ќе продолжиме да ги спроведуваме“.

Според израелски воени извори, во операцијата во Џенин учествувале над 1.000 војници.

Во градот Рамала, 21-годишен Палестинец е застрелан во главата од израелските сили северно од градот Ал Бирех.

Очевидци рекоа дека вооружените судири избувнале меѓу израелските сили и Палестинците на воениот контролен пункт Беит Ел меѓу градовите Рамала и Ал Бирех.

Тензиите се големи низ окупираниот Западен Брег во последните месеци поради последователните напади и рации на Израел во палестинските градови.

Над 180 Палестинци загинаа од израелски оган од почетокот на оваа година, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Во текот на истиот период во одделни напади животот го изгубиле и најмалку 25 Израелци.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година
САД и Русија се спротивставуваат на разговорите за ограничување на автономното оружје
Лидерите на Квад ќе го одржат првиот самит од 2024 година во Манила утре