| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
БиХ: Звиздиќ го повика НАТО да распореди војници во дистриктот Брчко
Претседавачот со Претставничкиот дом на ПС на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, го упати повикот имајќи предвид дека на 11 и 12 јули се одржува Самитот на НАТО, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Босна и Херцеговина и Западен Балкан.
БиХ: Звиздиќ го повика НАТО да распореди војници во дистриктот Брчко
БиХ: Звиздиќ го повика НАТО да распореди војници во дистриктот Брчко / Photo: AA / AA

Претседавачот со Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, ги повика членките на НАТО-сојузот, пријатели на целосна, суверена, мултиетничка, антифашистичка, европска и демократска БиХ, врз основа на Анекс 1А од Дејтонскиот мировен договор и член 7 од Статутот на дистриктот Брчко, да распоредат војници на НАТО на територијата на дистриктот Брчко во Босна и Херцеговина.

Тој го упати овој повик имајќи предвид дека на 11 и 12 јули се одржува Самитот на НАТО, на кој ќе се разговара за ситуацијата во Босна и Херцеговина и Западен Балкан.

„Со ваквата одлука превентивно би бил запрен, а потоа и трајно оневозможен проектот за сецесија на босанскохерцеговскиот ентитетот РС (Република Српска) што беше започнат со последните одлуки на НС на РС (Народното собрание на РС). Со тоа истовремено успешно би била отстранета една од најголемите опасности со која се соочува БиХ“, наведе Звиздиќ.

Тој додаде дека огромно мнозинство граѓани на БиХ сакаат мир, стабилност и напредок и со големо задоволство и искрена поддршка би ја дочекале одлуката за НАТО-силите во дистриктот Брчко, БиХ, како трајно решение за долгогодишната антидржавна и сецесионистичка политика.

Тој истакна дека мнозинството, всушност, сите, што го негираат геноцидот и ги величаат воените злосторници, се интересно поврзани со владејачката структура во ентитетот РС и сакаат да ја претворат РС во експозитура на руските интереси во Европа и на Западен Балкан.

ИЗВОР:AA
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите