| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије ќе ја започне процедурата за прием на Шведска во НАТО
Шведска вети дека ќе ја поддржи Туркије во ЕУ и нема да ги поддржува терористичките организации ЈПГ/ПЈД и ФЕТО. НАТО ќе работи на отстранување на бариерите за одбранбената трговија и ќе именува специјален координатор за борба против тероризмот.
Туркије ќе ја започне процедурата за прием на Шведска во НАТО
Туркије ќе ја започне процедурата за прием на Шведска во НАТО / Photo: AA / AA

Туркије ќе го испрати пристапниот протокол за прием на Шведска во НАТО до парламентот и ќе работи на негова ратификација. Ова беше соопштено по трилатералната средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пред Самитот на НАТО во Вилнус.

Во заедничката изјава по трилатералната средба се наведува дека „Шведска подвлекува дека нема да ги поддржи терористичките организации ЈПГ/ПЈД и ФЕТО“. Исто така, Шведска се согласи активно да го поддржува процесот на европска интеграција на Туркије, вклучувајќи го ажурирањето на Царинската унија и визната либерализација.

На трилатералниот состанок беше договорено да се работи на елиминација на санкциите и отстранување на пречките во одбранбената трговија и инвестициите меѓу сојузниците во НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така најави дека НАТО за првпат ќе воведе функција специјален координатор за борба против тероризмот.

Епилогот од трилатералната средба го поздрави и американскиот претседател Џо Бајден. Тој рече дека е подготвен да работи со претседателот Ердоган и Туркије „на подобрување на одбраната и одвраќањето во евроатлантскиот регион“.

На двнодневниот самит на НАТО кој ќе се одржи на 11 и 12 јули ќе се разговара за војната на Русија и Украина, предизвиците за НАТО и чекорите за јакнење на одбраната и одвраќањето. На дневниот ред ќе биде и кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Студентската листа во Србија објавува план за БиХ, ги осудува израелските акции во Газа
Алиев и Пашинјан во Даблин разговараа за мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија
Европските лидери повикуваат на обединет глас во мировните преговори за Украина