| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ковачевски од НАТО Самитот - Ќе бидат донесени многу важни заклучоци
Ковачевски нагласи дека овој исклучително важен состанок доаѓа во многу важен момент, кога се води војна во Украина.
Ковачевски од НАТО Самитот - Ќе бидат донесени многу важни заклучоци
kovacevski / Others

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, даде изјава за медиумите пред почетокот на Самитот на НАТО што се одржува во главниот град на Литванија, Вилнус.

Ковачевски нагласи дека овој исклучително важен состанок доаѓа во многу важен момент, кога се води војна во Украина.

„Ќе бидат донесени неколку многу важни заклучоци. Прво, ќе бидат донесени одлуки во однос на регионалните аспекти на одбраната на НАТО-земјите и тоа вода, копно и воздух. Секако и аспектите на сајберодбраната и на одбраната од хибридни напади. Следно, ќе бидат донесени одлуки во однос на унапредувањето на соработката со Украина. Практично, ќе биде формиран Совет на НАТО и Украина на кој во иднина ќе може да се донесуваат и одлуки што се однесуваат на заедничката соработка“, истакна тој.

Ковачевски информира дека ќе биде донесена одлука во однос на финансирањето на сите овие зголемени потреби за одбраната во овој нов геостратешки контекст. 2% од БДП ќе биде практично минимумот за финансирање на одбраната, од кои најмалку 20% ќе бидат наменети за модернизација.

Тој нагласи дека Северна Македонија е земја што во модернизацијата веќе инвестира 30% од буџетот за одбрана што, според него, секако дека е потребно во овој контекст.

Во однос на идната соработка со Украина, Ковачевски рече дека Северна Македонија има многу јасна позиција во оваа насока. „Ние како 30-та земја членка секогаш поддржуваме политика на отворени врати во пристапување во НАТО. Меѓутоа, секако откако ќе бидат согледани сите безбедносни аспекти на актуелниот момент“, додаде тој.

„Она што е многу важно, НАТО покажа дека е единствено како никогаш досега и донесена е голема одлука, со тоа што Шведска ќе биде 32. земја членка на НАТО по вчерашните успешни разговори помеѓу генералниот секретар на НАТО, господинот Столтенберг, претседателот на Туркије (Реџеп Таип Ердоган) и премиерот на Шведска“, нагласи Ковачевски.

Истакнувајќи дека очекува да има успешен состанок, Ковачевски рече дека денес неговиот ден ќе започне со билатерална средба со премиерката на Естонија, а утре ќе има билатерална средба со премиерот на Грција и одделни состаноци и со индопацифичките држави, со кои ќе разговараат за глобалните аспекти за безбедноста и одбраната.

Инаку, Ковачевски на овој Самит е придружуван од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, и министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Кремљ: Руската делегација не одржа разговори со европските претставници во Абу Даби
Украина извести за „огромен напредок“ во мировните преговори со Русија
Ердоган повика на климатски акции од развиените нации истакнувајќи го израелскиот екоцид во Газа
Иран нема да дозволи збогатениот ураниум да биде изнесен од земјата
Гутереш ги повика државите да усвојат нов „Договор за климатска правда“ на КОП31
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
Втора рунда преговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби
Сирискиот претседател Шара пристигна во Туркије на климатскиот самит
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата