| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Зеленски: Украина сака безбедносни гаранции на патот кон членството во НАТО
Зеленски рече дека прв приоритет на состанокот на Советот НАТО-Украина е пакетот помош во вооружување наменет за неговата земја, а втор приоритет е членството на Украина во НАТО
Зеленски: Украина сака безбедносни гаранции на патот кон членството во НАТО
Зеленски: Украина сака безбедносни гаранции на патот кон членството во НАТО / Photo: AA / AA

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека од НАТО ќе побара Киев да добие безбедносни гаранции сѐ додека не оствари полноправно членство во Алијансата.

Зеленски им се обрати на новинарите во новиот комплекс LITEEXPO, каде што пристигна за состанокот на Советот на НАТО-Украина, чиј прв состанок ќе се одржи денес во рамките на Самитот на НАТО во Вилнус, главниот град на Литванија.

Истакнувајќи дека има приоритети во денешните разговори, Зеленски рече дека еден од нив е пакетот помош во вооружување наменет за неговата земја која е во војна со Русија, а втор приоритет е членството на Украина во НАТО.

„Она што го слушнавме тука и што го разбирам е дека, кога мерките за безбедност ќе го дозволат тоа, ќе добиеме покана за влез во НАТО. Денес сакам за тоа да разговараме со нашите партнери“, изјави Зеленски.

Претседателот на Украина нагласи дека неговата земја сака безбедносни гаранции на патот кон членството во НАТО.

Се очекува украинскиот претседател Зеленски да оствари и билатерална средба со американскиот претседател Џо Бајден по учеството на првиот состанок на Советот на НАТО-Украина.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ