| Macedonian
СВЕТ
5 МИН ЧИТАЊЕ
Музејот на демократијата во Анкара досега го посетија над 120 илјади луѓе
„Музејот не им служи само на граѓаните на Туркије, туку на сите во светот за да можат поблиску да се запознаат со случувањата на 15 јули. Нашиот музеј угости и бројни странски делегации, а се работи за претставници на високо ниво.“
Музејот на демократијата во Анкара досега го посетија над 120 илјади луѓе
Музејот на демократијата во Анкара досега го посетија над 120 илјади луѓе / Photo: AA / AA
14 јули 2023

Меморијалниот Музеј на демократијата 15 јули, кој со своите инсталации и мултимедијални содржини, потсетува на духот на единството на турскиот народ, кој на 15 јули 2016 година ги спречи пучистите на терористичка организација ФЕТО од нивните мрачни намери за државен удар, од 15 јули 2021 година, кога го отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, го посетија повеќе од 120 илјади луѓе. Музејот е изграден под земја и тоа преку патот на Претседателската палата на Бештепе во Анкара, а се состои од осум сали наречени „Државни удари во Туркије и во светот“, „Закана на еден куршум“, „Фрлање во мрак“, „Најдолга ноќ“, „Оние кои оставија трага“, „Сала“, „Почитување на шехидите (мачениците)“ и „Стражи за демократија“.

Во првиот дел на музејот, чија цел е на идните генерации преку мултимедијални и дигитализирани содржини да ја пренесе виситната за случувањата на 15 јули, претставени се пучевите во Туркије и светот. Покрај тоа, посетителите низ темниот ходник поминуваат до делот со звучни и светлосни ефекти.

Посетителите со помош на видео проекциите во салата „Најдолга ноќ“ се запознаваат со процесот од почетокот на пучот до неговото запирање. Покрај тоа, во музејот преку посебни содржини пренесени се сведоштва на граѓаните кои учествуваа во отпорот, како и приказни за ветераните и шехидите (мачениците), а посетителите со проаѓаето низ ходникот можа да слушнат приказни за 251 шехид.

Во музејот се изложени и биографиите на секој шехид кој живтот го положи во борбата против предавничниот обид за државен удар.

Во последниот дел со стаклената купола, дизајнирано е дрво кое низ своите корени го симболизира минатото на Туркије, со осветлени грани и листови кои симболизираат светла иднина. Под најголемото вештачко дрво во Туркије, со висина од 23 метри, се наоѓааат 90 силиконски скулптури кои ги претставуваат луѓето кои по 15 јули стражареа за демократијата. Покрај тоа, истакнати се делови од историјата на Турците, вкучувајќи и мотиви на двоглав орел, истакнуван на граддбите од периодот на анадолските Селџуци.

Преку 120 илјади посети

Директорот на мзуејот Вејси Ѓун во изјавата за агенцијата Анадолу (АА) рече дека оваа установа од нејзиното основање ја посетија повеќе од 120 илјади луѓе.

„Музејот не им служи само на граѓаните на Туркије, туку на сите во светот за да можат поблиску да се запознаат со случувањата на 15 јули. Нашиот музеј угости и бројни странски делегации, а се работи за претставници на високо ниво“, појасни Ѓун.

Терористичката организација ФЕТО

Терориситчката организација ФЕТО одговорна е за крвавиот неуспешен обид за државен удар во Туркије во ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичката организација предводена од Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во Соединетите Американски Држави (САД), а чие испорачување Туркије официјално побара од САД.

Членовите на таа терористичка организација со години преку местење на испити напредуваа во службата инфилтрирајќи се така во институците на државата. Потоа, најпрвин до декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Туркије преку монтиран процес поради наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високопозиционирани функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО кога на 15 јули офицерите во турската војска лојални на таа терористичка организација покренаа обид за државен удар.

Истратата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Туркије, туку и за секоја друга земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажуваа и турските функционери. Во текот на обидите за државен удар во Туркије загинаа 251 луце, а ранети се околу 2.200 лица.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири