| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Косово: Со полагањето заклетва на должност стапија 490 нови полицајци
Меѓу 490 млади полицајци што денес дадоа заклетва, 85 се од српската, бошњачката, турската и ромската заедница.
Косово: Со полагањето заклетва на должност стапија 490 нови полицајци
Косово: Со полагањето заклетва на должност стапија 490 нови полицајци / Photo: AA / AA

Денес на свечена церемонија дипломираше 58-та генерација кадети на косовската полиција, при што во служба стапија 490 нови полицајци.

Церемонијата на доделување на дипломите се одржа во спортската сала „1 Октомври“, а присуствуваа и претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти, министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечла, како и други министри и лидери на локални и меѓународни институции.

Претседателката Османи во својот говор рече дека чесно и гордо стои пред 490 кадети што дипломираат.

„Завршувањето на полициската академија не е мало достигнување. Денес докажавте дека ги поседувате потребните квалитети да ѝ служите на државата и да ги заштитите нашите граѓани“, рече Османи.

Премиерот Курти истакна дека неодамна во северниот дел на Косово биле нападнати официјални претставници на косовската полиција, додавајќи дека нивниот предизвик е предизвик на сите. Курти рече дека косовската полиција и понатаму е една од институциите во кои граѓаните имаат најголема доверба.

„Како Влада, откако ја презедовме функцијата, се заколнавме дека ќе се бориме против корупцијата. Извршени се околу 900 полициски акции и приведени се над 3.200 лица за различни кривични дела. Истиот интензитет на косовската полиција почна и на северот на нашата земја, токму поради оваа зголемена активност имаше разни напади врз полицајци, меѓу кои имаше и повредени“, нагласи Курти.

Министерот за внатрешни работи Свечла рече дека косовската полиција врши извонредна работа во одржувањето на редот и мирот во земјата.

Меѓу 490 млади полицајци што денес дадоа заклетва, 85 се од српската, бошњачката, турската и ромската заедница. Косовската полиција има околу 9.000 припадници.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите