| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Скопје и Белград го промовираа заедничкиот систем за наплата на патарините
Овој интегриран електронски систем за плаќање им овозможува на граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија да купат електронска картичка за патарините во која било од трите земји, без разлика каде е регистрирано возилото.
Скопје и Белград го промовираа заедничкиот систем за наплата на патарините
Скопје и Белград го промовираа заедничкиот систем за наплата на патарините / Photo: AA / AA

На наплатната рампа Прешево е промовиран заедничкиот интегриран електронски систем за наплата (ЕНП) на патарините во Србија, Северна Македонија и Албанија, што беше договорено минатата година на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид, јавува Анадолу.

Овој интегриран електронски систем за плаќање им овозможува на граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија да купат електронска картичка за патарините во која било од трите земји, без разлика каде е регистрирано возилото.

Системот го промовираа премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во присуство на министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски, и министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ.

Според надлежните, со овој нов начин на плаќање патарина ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, ќе се намали метежот на автопатиштата, а ќе се олесни и циркулацијата на возилата на патарините и граѓаните нема да мора да чекаат во редици со часови среде сезона.

- „Отворен Балкан“, иницијатива за „подобрување на секојдневниот живот и трговијата“

Премиерката на Србија, Брнабиќ, пред присутните рече дека српската Влада преку иницијативата „Отворен Балкан“ сака да го олесни движењето на стоки, луѓе, капитал и услуги, со цел, како што рече, да ги подобри секојдневниот живот и трговијата за сите во земјата.

„Ние работиме заедно во регионот за целиот европски транзит да оди преку Балканот. Иницијативата 'Отворен Балкан' е отворена за сите и кога имате ваков проект, кој носи конкретни придобивки за граѓаните, тогаш гледате дека и други, надвор од овој регион, сакаат да се вклучат, како Хрватска и Грција... не во целата иницијатива, но во конкретни проекти“, рече Брнабиќ.

Премиерот на Северна Македонија, Ковачевски, ја пофали иницијативата „Отворен Балкан“, во чии рамки е овозможен системот за брзо плаќање со помош на ТАГ-уредот на патарината.

„Ова е најдобра потврда дека 'Отворен Балкан' е иницијатива што дава резултати, која функционира и која луѓето ја сакаат. 'Отворен Балкан', ако погледнеме на истражувањата за јавно мислење, е единствена регионална иницијатива што има поддршка над 80 отсто во земјите што се дел од иницијативата. А тоа е затоа што иницијативата дава резултати“, додаде Ковачевски.

- Граѓаните покажуваат „голем интерес“ за заедничкиот електронски систем ЕНП

Министерот Весиќ рече дека овој проект е во согласност со политиките на земјите учеснички за да се овозможи брзо движење на стоки и капитал. Тој најави дека оваа електронска наплата во Србија ја добиле над 13.000 луѓе што, според него, го покажува големиот интерес на граѓаните.

„Дневно во Северна Македонија преминуваат околу 7.000 возила со српски регистарски таблички. Во првите шест месеци имавме речиси 33 милиони возила на нашите автопатишта и очекуваме до крајот на годината да достигнеме речиси 72 милиони, што е зголемување за 4,6 отсто, додека приходите се повисоки за 12,5 отсто“, нагласи Весиќ.

Во меѓувреме, министерот Бочварски истакна дека во Северна Македонија напредува интегрираниот систем на електронски плаќања, при што околу 33 отсто од плаќањата на патарините низ државата се вршат преку овој систем.

„Драго ми е што една изворна иницијатива на двете држави, Северна Македонија и Србија, денес се претвори во реалност, а тоа е политика на поврзување, на побрз транспорт на товарен и патнички транспорт низ двете земји“, додаде Бочварски.

На промоцијата на ЕНП-системот присуствуваа и министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Венецуела на КОП31 претстави план за обединување на заштитата на шумите и океаните
Блокот на Ајзенкот сака да укине пет закони од ерата на Нетанјаху пред формирањето на новата Влада
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност