| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Путин нема да присуствува на Самитот на БРИКС во Јоханесбург
„Според меѓусебниот договор, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, нема да присуствува на Самитот, но Руската Федерација ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.“
Путин нема да присуствува на Самитот на БРИКС во Јоханесбург
Путин нема да присуствува на Самитот на БРИКС во Јоханесбург / Photo: AA Archive / AA Archive

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на Самитот на земјите на БРИКС во Јоханесбург што е закажан за следниот месец, потврди претседателот на Јужноафриканската Република.

„Според меѓусебниот договор, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, нема да присуствува на Самитот, но Руската Федерација ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров“, соопшти Кабинетот на претседателот Кирил Рамафоса.

Во март оваа година Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за приведување на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.

Јужноафриканската Република е потписничка на Римскиот статут со кој е воспоставен Судот и како членка на Меѓународниот кривичен суд теоретски би била обврзана да го приведе Путин.

БРИКС е блок на економии во развој, чие име доаѓа од првите букви на земјите Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република.

Ќе бидат присутни лидерите на сите земји, освен на Русија.

Рамафоса вчера пред Судот изјави дека приведувањето на Путин доколку ја посети земјата заради Самитот би значело објавување војна на Русија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите