| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Глобален медиумски форум во азербејџанскиот град Шуша
Учесниците разговараа и за предностите и ризиците од вештачката интелигенција во продукцијата на вести
Глобален медиумски форум во азербејџанскиот град Шуша
Глобален медиумски форум во азербејџанскиот град Шуша / Photo: AA / AA

Актуелните проблеми со кои се соочуваат медиумите и можните решенија беа дискутирани во саботата на Глобалниот медиумски форум во Шуша, Азербејџан.

Тридневниот форум, кој се одржа во југозападниот град Шуша под наслов „Новите медиуми во ерата на четвртата индустриска револуција“, продолжи и вториот ден со над 250 учесници од 50 земји.

Предизвиците на новите трендови во новинарството и проблемите со кои се соочуваат традиционалните медиуми беа на дневен ред на учесниците, кои разговараа и за предностите и опасностите од вештачката интелигенција во продукцијата на вести.

Хикмет Хаџиев, советник на претседателот на Азербејџан, ја одбележа 148-годишнината од печатот на Азербејџан и им изрази честитки на сите новинари.

Нагласувајќи ја важноста на податоците, брзи, точни и концизни информации, тој рече дека социјалните медиуми вршат притисок врз традиционалните медиуми.

Учесниците беа запознаени и со културата на Азербејџан за време на настанот, а Хаџиев даде информации за уникатниот архитектонски стил на Шуша.

Оваа година градот беше прогласен за културен главен град на турскиот свет и национално и културно наследство на азербејџанскиот народ.

Сместена во регионот на Карабах, Шуша беше ослободена по 28 години ерменска окупација во 2020 година.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ