| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Русија тврди дека Украина се обидела да нападне патролен брод во Црно Море
„Во текот на одбивањето на нападот, двата непријателски чамца на далечинско управување беа уништени од стандардното оружје на рускиот брод на растојание од 1.000 и 800 метри. Немаше жртви.“
Русија тврди дека Украина се обидела да нападне патролен брод во Црно Море
Русија тврди дека Украина се обидела да нападне патролен брод во Црно Море / Photo: AA Archive / AA Archive

Русија објави дека Украина употребила два брода без екипаж во обид да нападне патролен брод доделен на руската флота во Црно Море и дека обидот за напад бил неуспешен.

„Во текот на одбивањето на нападот, двата непријателски чамца на далечинско управување беа уништени од стандардното оружје на рускиот брод на растојание од 1.000 и 800 метри. Немаше жртви“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.

Се додава дека рускиот брод „Сергеј Котов“ ја контролира пловидбата во југозападниот дел на Црно Море на само 370 километри од градот Севастопол на Крим. Русија илегално го анектираше Крим во 2014 година.

„Бродот на Црноморската флота 'Сергеј Котов' продолжува да ги исполнува своите задачи“, се нагласува во соопштението.

Украинските власти сè уште не ги коментирале овие тврдења, а независната проверка е комплицирана од тековната војна.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите