| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган-Абас: Независна палестинска држава е клуч за мирот во регионот
„Туркије ќе продолжи да ја поддржува Палестина на најсилен можен начин и ќе даде сѐ од себе за благосостојбата на Палестинците“, изјави Ердоган, по состанокот со палестинскиот колега Махмуд Абас во Анкара.
Ердоган-Абас: Независна палестинска држава е клуч за мирот во регионот
Ердоган-Абас: Независна палестинска држава е клуч за мирот во регионот / Photo: AA / AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, синоќа по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Анкара, изјави дека независна палестинска држава со главен град Источен Кудс (Источен Ерусалим) е клуч за мирот и стабилноста на целиот регион.

Ердоган вчера во Анкара со највисоки државни почести го пречека претседателот на Палестина, Махмуд Абас, а по средбата зад затворени врати, одржана е заедничка прес-конференција.

Ердоган подвлече дека неговата земја продолжува да ѝ дава секаков вид поддршка на Палестина.

„Туркије ќе продолжи да ја поддржува Палестина на најсилен можен начин и ќе даде сѐ од себе за благосостојбата на Палестинците“, рече Ердоган и додаде:

„Важно е меѓународната заедница, а особено Обединетите нации (ОН) да се ангажираат околу палестинското прашање.“

Ердоган нагласи дека Туркије не може да прифати акции насочени кон измената на историскиот статус кво на светите места, особено кога станува збор за џамијата „Ал-Акса“.

Тој го повтори ставот на Туркије за поддршка на независна палестинска држава.

„Воспоставувањето независна палестинска држава со Источен Кудс како главен град на границите од 1967 година, врз основа на параметрите на ОН, е клуч за мирот и стабилноста на целиот наш регион“, порача Ердоган.

Претседателот Махмуд Абас во текот на своето обраќање им се заблагодари на претседателот Ердоган, на турската држава и турскиот народ за поддршката што ѝ ја даваат на борбата за независност на Палестина.

„Многу ни е важна поддршката на Туркије за независноста на палестинскиот народ, што ја дава бранејќи го Кудс“, рече Абас.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЦЕНТКОМ негира дека Иран уништил радари на САД во Бахреин
КOП31 го враќа постепеното укинување на фосилните горива во центарот на разговорите за климата
Во Охрид отворена Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Поранешниот директор на Нвидиа повикан да сведочи пред Сенатот поради безбедносни прашања
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница