| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израелската војска смртно застрела палестинско дете на Западниот Брег
Израелските војници извршија рација во подрачјето на Накар во западниот дел на Калкилија во доцните часови синоќа, според информациите до кои дојде Анадолу од очевидци
Израелската војска смртно застрела палестинско дете на Западниот Брег
Израелската војска смртно застрела палестинско дете на Западниот Брег / Photo: AA / AA

Израелските војници доцна синоќа смртно застрелаа дете за време на рација во градот Калкилија на окупираниот Западен Брег.

Детето, кое се здобило со сериозни повреди на главата од куршум истрелан од окупаторските сили, било пренесено во државната болница во Калкилија, каде што им подлегнало на повредите, се вели во соопштението на палестинското Министерство за здравство.

Не се дадени детали за идентитетот и возраста на детето.

Израелските војници извршија рација во подрачјето на Накар во западниот дел на Калкилија во доцните часови синоќа, според информациите до кои дојде Анадолу од очевидци.

Војниците употребиле жива муниција и гумени куршуми, како и солзавец врз палестинската младина, која се обидела да ја спречи рацијата со фрлање камења и молотови коктели.

Иако Израел сè уште нема објавено соопштение, рациите наводно биле извршени со цел да се фатат барани лица.

Од почетокот на оваа година Западен Брег е тензичен поради континуираните упади на израелската армија во палестинските градови, апсењата и ликвидирањето луѓе што ги смета за „барани“, како и поради постојаните напади на израелските доселеници во палестинските села и градови.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите