| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Путин: Русија ќе обезбеди бесплатно жито за шест африкански земји
Според рускиот претседател во рамките на Црноморската иницијатива за жито од Украина се извезени вкупно 32,8 милиони тони, додавајќи дека повеќе од 70 отсто од извезеното жито отишло во земјите со висок и среден приход.
Путин: Русија ќе обезбеди бесплатно жито за шест африкански земји
Путин ветува жито за шест африкански земји / Photo: AA / AA

Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека Русија ќе обезбеди бесплатно жито за шест африкански земји во следните три до четири месеци.

„Ќе бидеме подготвени во месеците што доаѓаат, во следните три до четири месеци, да обезбедиме 25.000-50.000 тони жито бесплатно за Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканската Република и Еритреја. Ние, исто така, ќе обезбедиме бесплатна испорака на овој производ до потрошувачите“, истакна Путин за време на неговиот воведен говор на Самитот Русија-Африка во Санкт Петербург.

Тој нагласи дека се појавува парадоксална слика, каде што западните земји го попречуваат снабдувањето со руско жито и ѓубрива, додека лицемерно ја обвинуваат Москва за актуелната кризна ситуација на светскиот пазар на храна.

„Овој пристап беше особено евидентен при имплементацијата на таканаречениот Договор за жито, кој беше склучен со учество на Секретаријатот на ОН и првично имаше цел да се осигури глобална обезбеденост со храна, да се намали заканата од глад и да им се помогне на најсиромашните земји, вклучително и оние во Африка“, рече Путин.

Тој понатаму нагласи дека во рамките на Црноморската иницијатива за жито од Украина се извезени вкупно 32,8 милиони тони, додавајќи дека повеќе од 70 отсто од извезеното жито отишло во земјите со висок и среден приход.

Путин, исто така, рече дека уделот за земјите како Етиопија, Судан и Сомалија изнесува помалку од 3 отсто од вкупниот износ што, според него, е помалку од 1 милион тони жито.

„Ниту еден од условите во Договорот за повлекување на санкциите за руското извезување жито и ѓубрива на светските пазари не беше исполнет. Ниту еден. Се наметнаа и пречки за бесплатниот трансфер на минерални ѓубрива од наша страна за најсиромашните земји што имаа потреба“, додаде рускиот претседател.

ИЗВОР:AA
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите