| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Земјите од регионот се соочуваат со недостиг на пожарникари
Летната сезона е закана за ширење на масовни пожари, а статистичките податоци покаажуваат дека во Северна Македонија, Албанија и Косово постои недостиг од пожарникари, како и дека таа бројка е под нивото на просекот на ЕУ.
Земјите од регионот се соочуваат со недостиг на пожарникари
Земјите од регионот се соочуваат со недостиг на пожарникари / Photo: AA / AA

Ризикот од масовни пожари во текот на летната сезона, но и други вонредни состојби поврзани со временските услови повторно ги доведуваат пожарникарите во прв план.

Неопеаните херои на општеството често се соочуваат со фундаментални проблеми за функционирање во земјите од регионот. Од условите, ниската плата, немањето современа опрема, па до соодветна обука, се само дел од проблемите со кои се соочуваат пожарникарите.

Во продолжение, ТРТ Балкан ви дава приказ на моменталниот број на пожарникари во Северна Македонија, Албанија и Косово, споредено со земјите од Европската Унија.

Некомплетни противпожарни единици

Голем дел од противпожарните единици во земјите од регионот се некомплетни. Нивниот број останува мал во споредба со територијата и населението за кои се грижат.

Според јавните податоци, во Албанија има нешто повеќе од 1.000 пожарникари во целата земја.

Во Северна Македонија има 994 пожарникари, додека повеќе од 500 мора да бидат ангажирани за целосно опремување на противпожарните единици, позиции кои остануваат празни.

Во Косово се соопштува дека вкупно има околу 800 пожарникари на ниво на земја.

Регионот под просекот на ЕУ

Недостигот од пожарникари го наоѓа својот израз особено кога се гледаат бројките во однос на вкупниот број вработени. На пример, во Албанија, од сите вработени во земјата, само 0,10% се вработени како пожарникари.

Во Северна Македонија, пожарникарите сочинуваат 0,12 отсто од вработените.

​​Нешто повисок во овој сооднос е Косово, каде пожарникарите сочинуваат 0,19% од вкупниот број вработени.

Во Европската унија, пожарникарите во просек сочинуваат 0,20% од вработените во 27-те земји.

Низ ЕУ има над 360.000 пожарникари, додека соодносот со вкупниот број вработени е поголем во Грција и Естонија, каде што надминува 0,40%.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
Калифорниската адвокатска комора го истражува адвокатскиот статус на поранешната портпаролка
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“