| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Научниците ги повикаа владите да им забранат пушење на младите до 22 години
Пушачите кои ја почнале оваа навика пред 21-та година имаат повисоки респираторни нивоа на јаглерод моноксид во здивот и потешко се откажуваат од пушењето од оние кои почнале да пушат на поголема возраст
Научниците ги повикаа владите да им забранат пушење на младите до 22 години
Во повеќето земји во светот мора да имате над 18 години за да купите цигари, додека во некои американски држави мора да имате најмалку 21 година / Photo: AA / AA
6 септември 2023

На младите луѓе треба да им се забрани да купуваат тутунски производи до 22-годишна возраст, сугерираат научниците откако истражување покажа дека оние кои почнуваат да пушат пред 20-та година потешко се откажуваат од пушењето.

Научниците веруваат дека зголемувањето на законската минимална возраст ширум светот може да ја намали зависноста од никотин.

Тим од Јапонија набљудувал 1.382 пушачи кои посетиле клиника за откажување од пушење во Кјото. Пациентите биле поделени во две групи врз основа на возраста на која почнале да пушат - помлади од 20 години или 20 години и постари.

Сите го исполниле Фагерстромовиот тест за зависност од никотин (ФТНД), стандардна алатка за проценка на интензитетот на физичката зависност на една личност од никотин.

Во тестот има прашања како „колку брзо по будењето ја пушите првата цигара?“ и „колку цигари дневно пушиш?“, а пациентите давале одговори кои биле бодувани.

Бодовите потоа се собираат за да се добие ниска зависност (еден до два), ниска до умерена (три до четири), умерена (пет до седум) или висока зависност (осум или повеќе бодови).

Бил мерен и јаглерод моноксид во здивот за да се покаже колку цигари тестираниот испушил во последните 24 часа.

Вкупно 556 пушачи почнале да пушат пред да наполнат 21 година, што е законска возраст во Јапонија, додека 826 од нив почнале кога наполниле 20 години.

Оние кои ја започнале оваа навика пред 21-та година пријавиле дека пушат 25 цигари на ден во споредба со 22 дневно во групата во која почнале да пушат подоцна. Оние кои почнале порано, исто така, имале повисоки респираторни нивоа на јаглерод моноксид во здивот.

Од оние кои рано почнале да пушат, 46% успешно се откажале, во споредба со 56% од оние кои почнале да пушат на возраст над 20 години.

Наодите беа презентирани на Конгресот на Европското здружение за кардиологија (ЕСЦ) 2023 година во Амстердам.

„Нашите резултати покажуваат дека раното започнување со пушење е поврзано со поголема зависност од никотин, дури и во младата зрелост, рече авторот на студијата, д-р Коџи Хасегава од Националната болничка организација на Медицинскиот центар во Кјото.

Студијата покажува дека зголемувањето на законската возраст за купување тутун на 22 или повеќе години може да доведе до намалување на бројот на зависници од никотин и изложеност на ризик од негативни здравствени последици.

Во повеќето земји во светот мора да имате над 18 години за да купите цигари, додека во некои американски држави мора да имате најмалку 21 година.

Повеќе
Проектот Развојниот пат ќе донесе поттик од 55 милијарди долари за турската економија
Што се менува во Иран по назначувањето на Моџтаба за врховен лидер?
Мусар жали за одлуката на словенечката влада да не се придружи на тужбата против Израел за геноцид
Мицкоски: Очекувам во текот на денот намалување на нафтата за 2,5 денари по литар
Емине Ердоган: Турското признание на генералниот секретар на ОН ќе ги зголеми надежите за мир
Цената на суровата нафта Брент надмина 100 долари за барел поради тензиите во Ормускиот Теснец
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни