| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
НАТО ги поздрави напорите на Туркије за обновување на Договорот за жито
Пофалби за напорите наТуркије стигнаа и од САД и останатите меѓународни актери. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е оптимист за Договорот и се надева дека наскоро ќе има позитивен резултат
НАТО ги поздрави напорите на Туркије за обновување на Договорот за жито
Најдобар начин да се обезбеди сигурна испорака на жито од Украина е да се стави крај на војната“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг / Photo: AA / AA
7 септември 2023

НАТО денеска го осуди повлекувањето на Русија од Договорот за извоз на жито преку Црно Море и ги поздрави напорите на Туркије за повторно воспоставување на Договорот.

„Најдобар начин да се обезбеди сигурна испорака на жито од Украина е да се стави крај на војната“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред Комитетот за надворешни работи на Парламентот на Европската Унија.

На 17 јули Русија го суспендира учеството во Договорот за извоз на жито преку Црно Море, постигнат со посредство на Туркије и ОН за продолжување со извозот на жито од трите украински пристаништа на Црно Море кој беше запрен со почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

Москва се пожали дека Западот не ги исполнил своите обврски во врска со рускиот извоз на жито, дека има ограничувања во плаќањето, логистиката и осигурувањето на испораката на жито и вештачки ѓубрива, како и дека не се доставува доволно украинско жито во земјите на кои им е потребно.

По состанокот во понеделникот со рускиот претседател Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оптимистички зборуваше за обновување на Договорот, велејќи дека верува оти наскоро ќе биде постигнат добар резултат.

САД и останатите меѓународни актери, исто така, ги пофалија напорите на Туркије за постигнувањето на договорот за житото и работата за негово обновување.

Повеќе
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство
Оружен напад во синагога во Мичиген, застрелан еден осомничен
САД ги обвинија Кина и Русија дека го блокираат Комитетот за санкции за да го заштитат Иран
Трамп: Иранските фудбалери се добредојдени на светското првенство, но можеби нема да бидат безбедни
Холандија и Исланд се приклучија кон тужбата за геноцид против Израел пред МСП
Хамнеи за првпат се обрати на јавноста: Храбрите воини на Иран ја спречија предноста на непријателот