| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Скопје европска културна престолнина за 2028 –Шанса за регионална соработка
За реализација на проектот е предвидена четиригодишна програма која ќе почне да се имплементира од јануари 2024 година со домашни и европски уметници и стотици културни настани кои треба да кулминираат во 2028 година.
Скопје европска културна престолнина за 2028 –Шанса за регионална соработка
Скопје едногласно беше избран за европска престолнина на културата за 2028 година / Photo: skopje2028.mk / Photo: www.skopje2028.mk
28 септември 2023

Титулата европска престолнина на културата за 2028 година која експертите од Европската комисија му ја доделија на Скопје не е награда туку шанса и можност, истакна министерката за култура на Северна Македонија Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната прес конференција во скопскиот Градски парк по повод прогласувањето на Скопје за Европска културна престолнина.

“На оваа титула гледам и како предизвик да се обединиме во идејата и да им овозможиме на Скопје и на неговите жители, но и на сите македонски граѓани, да се чувствуваат европски“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска смета дека титулата претставува можност за соработка меѓу регионите и европските држави, за соработка меѓу европските градови, како и за реализација на проекти. Таа изрази благодарност до сите претходни градоначалници, кои со своите иницијативи придонеле градот да биде избран од Европската Унија за европска престолнина на културата.

“Од она што ќе се случува бенефит ќе има целиот регион. Тоа претставува фантастична можност за комуникација меѓу европските држави”, истакна Арсовска.

За реализација на целиот проект е предвидена четиригодишна програма. Програмата според Арсовска ќе почне да се имплементира од јануари 2024 година. Домашни и европски уметници ќе учествуваат на стотици културни настани кои треба да кулминираат во 2028 година.

Во 2028 година културни престолнини на Европа освен Скопје ќе бидат уште два града. Според одлуката на ЕК тоа ќе бидат чешкиот град Чешке Будејовице и уште еден град во Франција кој дополнително ќе биде одреден.

Програмата за Европска престолнина на културата датира уште од 1985 година. Настаната е по идеја на тогашната грчка министерка за култура Мелина Меркури.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Сибиха го покани кинескиот колега Ванг Ји да ја посети Украина
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“
Бангладеш: Изборен триумф на Националистичката партија, лидерот се враќа по 17-годишен егзил
Две третини од Европејците сметаат дека нивните земји се под закана
Вучиќ по завршувањето на посетата на Туркије: Исклучително продуктивни разговори со Ердоган
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за НАТО мисијата “Арктичка стража”
Поранешниот норвешки премиер Јагланд обвинет за сериозна корупција за наводни врски со Епстин
САД и Северна Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
Епштајн имал скриени камери во куќата, дури и во кутии за марамчиња
Јапонија уапси кинески капетан откако брод беше пресретнат кај покраината Нагасаки
САД го поништија научното откритие дека емисиите на стакленички гасови го загрозуваат здравјето