| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во 2024-та во Европа ќе има повеќе луѓе над 65 години отколку под 15 години
На глобално ниво, таква ситуација веројатно ќе се случи околу 2064 година, според проекциите на институтот „Нашиот свет во податоци“
Во 2024-та во Европа ќе има повеќе луѓе над 65 години отколку под 15 години
Во 2024 година во Европа ќе има повеќе луѓе на возраст над 65 години отколку на возраст под 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи на подобрени мерки за поздрава старост./ Photo: AA / AA

Во 2024 година во Европа ќе има повеќе луѓе на возраст над 65 години отколку на возраст под 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи на подобрени мерки за поздрава старост.

„Следната година, популацијата на луѓе над 65 години се проценува дека ќе ги надмине оние под 15 години во европскиот регион на СЗО“, соопшти организацијата.

На глобално ниво, таква ситуација веројатно ќе се случи околу 2064 година, според проекциите на институтот „Нашиот свет во податоци“.

„Овој тренд упатува на нови социјални, економски и епидемиолошки предизвици“, додаде организацијата чиј европски регион собира 53 земји, од кои некои се наоѓаат и во Централна Азија.

Низ Стариот континент, продолжениот животен век често оди рака под рака со нарушено здравје.

За да се ублажи влијанието на стареењето на населението, СЗО ги повикува властите да преземат мерки за „да им овозможат на постарите луѓе да го задржат и подобрат своето физичко и ментално здравје, независност, социјална благосостојба и квалитет на живот“.

Меѓу препорачаните мерки се издвојуваат урамнотежена исхрана и физичка активност од најмалку 150 минути неделно.

Уште повеќе физичка активност може да го намали ризикот од смртност од сите причини за 35 отсто, истакна СЗО.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
ГТА 6 продаде 24,5 милиони копии и оствари приход од 2,36 милијарди долари
Лидерите на АПЕК повикуваат на посилна поврзаност, помалку трговски бариери на самитот во Кина
Циклонот Акван стигна до индискиот брег
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Јужна Кореја со строги мерки против мамење со ВИ на приемен испит
САД против „глобалистичка регулација“ на вештачката интелигенција, изјави Трамп на самитот на АПЕК
Туркије објави стапување во сила на договорот за слободна трговија со Украина
Франција: Не сме соучесници во војната во Украина