| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУ постигна договор за нови правила за миграција и азил
Се проширува заедничката база на биометриски податоци на илегални мигранти и баратели на азил за подобар увид, соработка и откривање на лицата кои претставуваат безбедносен ризик, а се воспоставуваат механизми за управување со кризни ситуации
ЕУ постигна договор за нови правила за миграција и азил
ЕУ постигна историски договор за нов сет на правила за управување со миграцијата и азилот, рече претседателката на ЕП, Роберта Мецола / Photo: Reuters / Reuters

Европската унија постигна договор за новите правила за системот за миграција и азил, изјави во средата претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во објава на социјалната платформа Х.

„ЕУ постигна историски договор за нов сет на правила за управување со миграцијата и азилот“, рече Мецола.

Според договореното, се заокружува сет од пет законски акти со кој се проширува опфатот на заедничката европска база на податоци за биометриски податоци на илегални мигранти и баратели на азил за подобар увид, соработка и откривање на лицата кои претставуваат безбедносен ризик, а се воспоставуваат механизми за управување со кризни ситуации.

Сеопфатниот пристап кон миграцијата и азилот поврзува ефикасна заштита на границите, повеќе ред и побрзи процедури, посилна борба против шверцот и злоупотребите, како и партнерства со трети земји.

Откако Европската комисија го претстави новиот предлог за Пактот за миграција и азил во 2020 година, следеа долготрајни политички преговори за едно од најконтроверзните прашања на европската политика.

Регулативите треба да бидат усвоени на пленарната седница на Европскиот парламент во април и ќе го обликуваат европскиот систем за миграција и азил во годините што следат.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев