| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Нетанјаху: Цената на војната во Газа е многу висока за израелската војска
Според воените податоци, бројот на загинати војници од избувнувањето на конфликтот во Газа на 7 октомври достигна 486
Нетанјаху: Цената на војната во Газа е многу висока за израелската војска
Само во изминатите 24 часа загинаа 14 војници / Photo: AA / AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес порача дека ќе ја продолжи војната во Газа и покрај нејзината „многу висока цена“ за армијата.

„Ова е тешко утро, по многу тешкиот ден на борби во Газа“, рече Нетанјаху за време на состанокот на Кабинетот во Тел Авив.

Израелската армија денес соопшти дека 14 војници загинале во судирите со палестинските борци на отпорот во Појасот Газа во изминатите 24 часа.

Според воените податоци, бројот на загинати војници од избувнувањето на конфликтот во Газа на 7 октомври достигна 486.

„Војната има многу висока цена; сепак, немаме друг избор освен да продолжиме да се бориме“, рече Нетанјаху.

„Продолжуваме со полна сила до крај, до победа, додека не ги постигнеме сите наши цели: уништување на Хамас, враќање на нашите заложници и да осигураме дека Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за државата Израел“, додаде тој.

Израелските напади врз Појасот Газа започнаа по нападот на палестинската група Хамас во Израел на 7 октомври. Во нападите на Израел, според здравствените власти во Газа, загинати се најмалку 20.424 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се 54.036.

Нападите на Израел ја оставија Газа во урнатини со половина од станбениот фонд оштетен или уништен, со речиси 2 милиони луѓе раселени во густо населената енклава, каде постои голем недостиг на храна и чиста вода.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев