| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Албанскиот парламент цел на кибернапад
Од прес-службата на Парламентот информираа дека, според експертите, нападот бил со цел интервенција во инфраструктурата и е обид за бришење податоци
Албанскиот парламент цел на кибернапад
Цел на кибернапад во последните неколку часа во Албанија беше и една од компаниите за телекомуникациски услуги / Photo: AA / AA

Парламентот на Албанија соопшти дека бил откриен кибернапад врз законодавниот дом на земјата, но дека нема загуба на податоци од хакирањето.

Во соопштението објавено од прес-службата на Парламентот на Албанија се истакнува дека вчера бил откриен кибернапад врз Парламентот на Албанија, додека веб-страницата на Парламентот е надвор од функција.

Во ова соопштение се наведува дека, според експертите, овој напад е наменет за интервенција во инфраструктурата и е обид за бришење податоци.

„Податоците во системот не се погодени и експертите се целосно ангажирани од моментот кога ја забележаа оваа интервенција надвор од институцијата. ИТ-експертите работат на тоа какви последици донел овој напад врз системот на Парламентот на Албанија“, се додава во соопштението.

Се истакнува дека продолжува работата за враќање во нормала на веб-страницата на Парламентот на Албанија.

Во меѓувреме, цел на кибернапад во последните неколку часа во Албанија беше и една од компаниите за телекомуникациски услуги.

Потсетуваме, во јули и септември 2022 година албанските власти потврдија дека бил извршен масовен кибернапад врз Албанија.

Според властите, „киберагресијата била оркестрирана и спонзорирана од Исламската Република Иран“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев