| Macedonian
Откриена егзопланета, потенцијално погодна за живот
НАСА објави дека планетата TOI-715b е 1,5 пати поширока од Земјата, орбитира во зоната погодна за живот околу својата ѕвезда на растојание што ѝ овозможува да направи еден циклус околу неа на секои 19 дена
Откриена егзопланета, потенцијално погодна за живот
„Супер-Земја“, егзопланета што орбитира околу Црвената џуџеста ѕвезда е оддалечена 137 светлосни години од нашата планета / Photo: AA / AA
4 февруари 2024

Научниците открија „Супер-Земја“, егзопланета што орбитира во „зоната погодна за живот“ околу Црвената џуџеста ѕвезда наречена TOI-715, која е оддалечена 137 светлосни години од нашата планета.

Во официјалното соопштение оваа недела НАСА објави дека планетата TOI-715b, која е 1,5 пати поширока од Земјата, орбитира во зоната погодна за живот околу својата ѕвезда на растојание што ѝ овозможува да направи еден циклус околу неа на секои 19 дена.

Течната вода теоретски би можела да се формира на нејзината површина поради тоа што е во „зоната погодна за живот“ на ѕвездата.

Во соопштението се истакнува дека друга планета, најверојатно слична по големина на Земјата, би можело да постои во системот на кој припаѓа TOI-715b.

Егзопланетата ја откри меѓународен тим на научници предводен од д-р Џорџина Дрансфилд од Универзитетот во Бирмингем, користејќи го Сателитот за транзитни егзопланети (TESS).

Истражувањето, исто така, заклучи дека Црвената џуџеста ѕвезда на која ѝ припаѓа егзопланетата „Супер-Земја“ е помала и поладна од Сонцето, а познато е дека таквите ѕвезди се „домаќини“ на карпести планети во нивните орбити.

TOI-715b може да се набљудува почесто бидејќи една орбита околу својата ѕвезда прави за само 19 дена, што е еквивалентно на една година.

Во истражувањето, исто така, се наведува дека ако се открие друга планета во системот центриран околу ѕвездата TOI-715, потенцијално би можело да биде најмалата планета во зоната погодна за живот откриена од телескопот ТЕСС.

Истражувањето е објавено во научното списание „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Сибиха го покани кинескиот колега Ванг Ји да ја посети Украина
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“