| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Катар го освои Азискиот куп
Домаќинот на АФЦ 2023 Катар ја освои титулата шампион на Азија откако во финалето славеше против Јордан со 3:1, а најдобар поединец на натпреварот беше напаѓачот Акрам Афиф кој постигна три гола, сите од пенал
Катар го освои Азискиот куп
Катар во своето второ финале ја одбрани шампионската титула освоена на претходниот Куп / Photo: AA / AA
12 февруари 2024

Катар во саботата го освои АФЦ Азискиот куп 2023 година, откако во финалето го победи Јордан со 3:1.

Дефанзивецот на Јордан, Абдалах Насиб во 22. минута во казнениот простор од зад грб стартуваше врз катарскиот напаѓач Акрам Афиф по што беше досуден пенал. Афиф беше прецизен од белата точка и го постигна својот шести гол во седум натпревари на турнирот.

Голманот на Катар Мешаал Баршам направи неколку клучни одбрани во почетните минути од вториот дел за да ги спречи напорите на Јордан да израмни.

Но и покрај неговите напори, силниот удар на јорданскиот напаѓач Јазан Ал-Наимат со левата нога од шеснаесетникот заврши во мрежата на Катар во 67. минута.

Само шест минути подоцна, Афиф од нов пенал постигна уште еден гол за Катар и уште еднаш им донесе водство на домаќините на АФЦ купот.

Во 95. муинута во судиското надополнување, за Катар беше досуден уште еден пенал по интервенцијата на ВАР, а Афиф го комплетираше својот хет-трик во финалето.

Акрам Афиф стана најдобар стрелец на турнирот со осум гола.

Катар во своето второ финале ја одбрани шампионската титула освоена на претходниот Куп, додека Јордан го загуби своето прво финале.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Проектот Развојниот пат ќе донесе поттик од 55 милијарди долари за турската економија
Што се менува во Иран по назначувањето на Моџтаба за врховен лидер?
Мусар жали за одлуката на словенечката влада да не се придружи на тужбата против Израел за геноцид
Мицкоски: Очекувам во текот на денот намалување на нафтата за 2,5 денари по литар
Емине Ердоган: Турското признание на генералниот секретар на ОН ќе ги зголеми надежите за мир
Цената на суровата нафта Брент надмина 100 долари за барел поради тензиите во Ормускиот Теснец
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни