| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Сем Мендес ќе режира четири биографски филмови за Битлси
Пипа Харис, која заедно со Мендес ќе ги режираа филмовите вели дека планирале тоа да биде уникатно искуство „четири филма, раскажани од четири различни перспективи, кои ја раскажуваат истата приказна за најпознатиот бенд на сите времиња“
Сем Мендес ќе режира четири биографски филмови за Битлси
Битлси беа тема на бројни документарни филмови, како што е серијата „The Beatles: Get Back“ во режија на Питер Џексон / Photo: AP / AP
24 февруари 2024

Познатата музичка четворка од Ливерпул се враќа на големото платно, објави во вторникот Sony Pictures, објаснувајќи дека секој член на легендарните Битлси ќе биде овековечен во биографски филм на големото платно во режија на Сем Мендес.

„За прв пат издавачката куќа на Битлси, Apple Corps Ltd., Пол Макартни, Ринго Стар и семејствата на Џон Ленон и Џорџ Харисон ги дадоа правата да ги користат нивните животни приказни и музика за сценарио и снимање филмови“, објави студиото.

Пипа Харис, која заедно со Мендес ќе ги режираа филмовите истакна дека „планирале тоа да биде уникатно, возбудливо, епско кинематографско искуство.

„Четири филма, раскажани од четири различни перспективи, кои ја раскажуваат истата приказна за најпознатиот бенд на сите времиња“, рече таа.

Филмовите се очекува да бидат прикажани во 2027 година.

Во април 1970 година, шест месеци по објавувањето на албумот „Abbey Road“ и еден месец пред „Let It Be“, членовите на познатиот британски бенд објавија дека се распаѓаат.

Десетгодишната соработка меѓу Мекартни, Ленон, Харисон и Стар резултираше со 14 најпродавани албуми, речиси милијарда продадени плочи и неколку филмови.

Но по распадот, семејствата на членовите на бендот не дадоа дозвола приказната за Битлси да се прикаже на филмсото платно.

Минатата есен, новата песна „Сега и тогаш“, првично снимена пред четири децении како демо, беше произведена и објавена со помош на вештачка интелигенција. Таа беше на врвот на британската топ листа.

Битлси беа тема на бројни документарни филмови, како што е серијата „The Beatles: Get Back“ во режија на Питер Џексон.

Мендес, режисерот познат по блокбастерите како „Американска убавина“, филмовите за Џејмс Бонд „Skyfall“ и „Spectre“, вели дека е „чест да му се даде можност да ја раскаже приказната за најголемиот рок бенд на сите времиња“.

Во последните години е забележан „бум“ на стриминг платформите и во кината, што подразбира снимање документарни и биографски филмови за познати личности од светот на музиката. „Боемска рапсодија“ е приказна за групата Квин, „Елвис“ го опиша бурниот живот на Елвис Присли, „Тина“ ја овековечи Тина Тарнер, а „Ракетмен“ откри како Елтон Џон го освои светот на поп музиката.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ОН: Спречени пет обиди на ДАЕШ за атентат врз сирискиот претседател Ахмад ал Шара
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Албулена Хаџиу избрана за собраниски спикер на Косово