| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Уапсени осум лица во Туркије под сомнежи за соработка со израелски служби
„Операцијата Крт-3“ беше покрената против осум лица кои беа осомничени дека собирале податоци и документи за некои турски поединци и компании за израелски разузнавачки агенти, рече Јерликаја во изјавата на Х
Уапсени осум лица во Туркије под сомнежи за соработка со израелски служби
„Операцијата Крт-3“ е покрената против осум лица / Фото: AA / AA

Туркије уапси осум лица под обвинение дека им дале информации за некои турски поединци и компании на старешините на израелската разузнавачка агенција, изјави во петокот министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

„Операцијата Крт-3“ е покрената против осум лица кои беа осомничени дека собирале податоци и документи за некои турски поединци и компании за израелски разузнавачки агенти, рече Јерликаја во изјавата на Х.

Тој рече дека за време на акцијата биле приведени осум осомничени, од кои двајца се формално приведени, а случаите на уште шест се уште се водат во судскиот систем.

„Никогаш нема да дозволиме шпионски активности против нашето национално единство и солидарност во границите на нашата земја“, вети Јерликаја.

Министерот додаде дека операцијата била спроведена од Дирекцијата за борба против тероризмот на провинциската управа за безбедност во Истанбул во координација со Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Истанбул, Претседателството на Националната разузнавачка организација (МИТ) и Генералниот директорат за безбедносно разузнавање и контра -тероризам (ЕГМ).

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев