| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Она што Израел не го постигна со геноцид, нема ниту со апсурдни преговори
Од Хамас велат дека разговорите во Каиро се насочени кон постигнување договор за прекин на огнот за да имаат време и безбедност дa соберaт конечни и попрецизни податоци за израелските затвореници кои се држат на различни места од различни групи
Она што Израел не го постигна со геноцид, нема ниту со апсурдни преговори
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 33.482 Палестинци / Photo: AA / AA

Хамас рече дека она што Израел не може да го постигне со напади и геноцид во текот на шест месеци, не може да го постигне со употреба на виша сила или апсурдни преговори.

Членот на Политичкото биро на Хамас, Басим Наим, даде писмена изјава во врска со индиректните преговори што се водат во Каиро, главниот град на Египет, за прекин на огнот и размена на затвореници со Израел.

Наведувајќи дека дел од разговорите во Каиро се насочени кон постигнување договор за прекин на огнот, Наим рече: „На тој начин ќе имаме доволно време и безбедност да собереме конечни и попрецизни податоци за израелските затвореници. Бидејќи тие се држат на различни места од различни групи. Некои од нив загинаа заедно со нашите луѓе и се под урнатините“.

Наим изјави дека „она што Израел не можеше да го постигне со напади и геноцид во последните шест месеци, не може да го постигне со виша сила или апсурдни преговори“.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 33.482 Палестинци, меѓу кои најмалку 14.500 деца и 9.560 жени, а беа ранети 76.049 луѓе.

Под урнатините и покрај патот има уште мртви, но поради попречување на израелските војници, медицинските тимови и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до телата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев